Што претставува пилатесот ?

Пилатесот е фитнес метода создадена во почетокот на 20-тиот век од стана на Јозеф Пилатес, гимнастичар со грчко потекло кој живеел во Германија. За време на Втората светска војна тој создал систем на вежби чија цел било подобрување и рехабилитација на ранетите војници. Јозеф верувал дека менталното и физичкото здравје се тесно поврзани, така што неговиот спој на вежби бил со таква природа односно, да го поврзе умот со телото. Имајќи во предвид дека првичната замисла му била да помогне на ранените војници несомнено е дека вежбањето пилатес има пред се терапевска моќ врз нашето физичко и ментално здравје.

12696187_10207093448312073_2125577391_n

Кои се најголемите придобивки од континуираното вежбање пилатес:

  • Пилатесот го продолжува животениот век, истовремено подобрувајќи го квалитетот на живот;
  • Го намалува ризикот од кардио-васкуларни болести;

  • Го намалува ризикот од висок крвен притосок;

  • Исто така помага за регулирање на крвниот притисок кај луѓе кои веќе имаат имаат проблем со притисокот (ја подобрува циркулацијата);

  • Го намалува ризикот од развој на канцер на дебелото црево;

  • Помага во контрола на депресијата и анксиозноста (го намалува стресот, напнатоста и Ви дава енергија);

  • Го забавува стереењето и ве прави со текот на годините да се чувствувате многу посилно и повитално;

  • Помага за одржување на здрав коскено-мускулен систем;

  • Го јакне ‘рбетот, го прави по флексибилен и ги намалува болките во грбот;

  • Ве учи како правилно да го координирате телото, умот и духот;

  • Ве полни со позитивна енергија и Ви дава мотивација полесно да се справите со сите предизвици на животот;
  • Го подобрува изгледот и ја зголемува самодовербата.

12714191_10207093448352074_1977598070_n

Затоа не двоумете се во изборот на физичка активност со која би требало да се занимавате. За да се забележат значајни промени потребно е континуирано вежбање пилатес неколку месеци. Но, дури и после првиот час верувајте дека ќе го почуствувате протокот на енергија низ целото тело.

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *