Што се случува со телото кога не спиеме доволно?

Недостатокот од сон може да има навистина лоши последици за целокупното здравје.

Дали ви се случило подолг период  да спиете по помалку од 6 часа во текот на ноќта?

Иако сите ние имаме различни потреби за сон и некои со 6 часа спиење функционира супер, а на некој друг му се потребни 8 или 9 часа за нормален ден, сепак спиење во текот на ноќта помалку од 6 или пак 5 часа се смета за недоволно и може да предизвика сериозни последници по здравјето доколку трае подолго време.

Еве што се случуваа со телото кога не спиеме доволно:

Многу лесно заборавате

За да може нормално да функционира нашиот мозок му е потребен соодветен одмор. Иако мозокот не престанува целосно со работа дури и кога спиеме сепак неговата активност значително се намалува што им прави регенерација на мозочните клетки. Доколку не спиете доволно не само што ќе заборавате лесно, туку ќе имате и потешкотии со учење и меморирање на нови работи.

Поголем ризик од дијабетес, срцев удар и малигни заболувања

Многу истражувања потврдуваат дека недостатокот од сон, односни спиење помалку од 5 часа секоја ноќ го зголемува ризикот од појава на дијабет тип II затоа што недостатокот од сон предизвикува низа пореметувања во метаболизмот на глукозата во телото.

Можеби ќе ве интересира: Детоксикациски напиток со оцет и цимет за подобар сон

Исто така недостатокот од сон го зголемува крвниот притисок, што правопропорционално ги зголемува шансите за срцев удар. Дополнително недостатокот од сон влијае и на зголемување на ризикот од појава на рак на дојка и простата. Точната поврзаност на овие два типа на канцер и сонот се уште се истражува, но сепак постои голема поврзаност.

Кожата многу побрзо старее

Луѓето кои не спијат доволно се подложни на полесно и побрзо создавање на брчки, пигменти и флеки на кожата. Доволно сон, но и квалитетен сон е клучот за убава негувана и сјајна кожа.

Намален имунитет и склоност кон инфекции

Постојат многу докази кои укажуваат на тоа дека доволно сон го зголемува имунитетот и поволно влијае во борбата со инфекции.

Ако често се разболувате, запрашајте се дали доволно спиете?

Практикувајте да одите во кревет пред 12 часот затоа што во тој период сонот е најквалитетен и најцврст.

Можеби ќе ве интересира: Начини како да го подобрите вашиот сон

Намалено внимание и концентрација

Луѓето кои не спијат доволно имаат намалена концентрација во текот на денот. Тоа може директно да се одрази на работата или пак на учењето.

Исто така намалената концентрација може да биде голем проблем доколку управувате со возило и многу често е причина за сообраќајни незгоди.

Се зголемуваат шансите да се здебелите

Едно истражување од 2004 година потврдило дека луѓето кои спијат по шест или помалку часа имаат 30% поголеми шанси да се здебелат. Недостатокот од сон го поттикнува гладот и го зголемува апетитот, што придонесува за полесно внесување на непотребни калории во телото. Исто така недостатокот од сон поттикнува да јадете храна која е полна со шеќери и јаглехидрати што дополнително го продлабочува целиот проблем.

Можеби ќе ве интересира: Чај од природни билки и лимон за поубав и поцврст сон

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *