Што се случува со вашето тело и мускули кога вежбате?

Мускулите реагираат на физичката активност на различни начини за време на вежбањето и за време на фазата на регенерација.

Вежбањето ја подобрува силата, брзината, моќта и издржливоста на мускулите.

Промените во мускулите настануваат со вежбите во кои му се спротивставуваме да телото да направи нешто што не може, пр. кога се трудите да си ги дофатите стапалата и тоа го правите постојано секој ден…после одреден период ќе забележите дека се спуштате се подлабоко и подлабоко.

Кога за време на вежбањето користите повеќе сила и отпор отколку што вашето тело и мускули имаат во текот на денот, тогаш настануваат најголеми промени, тие промени сепак не се случуваат преку ноќ, но вреди да бидеме истрајни.

Интензивната физичка активност предизвикува  физичка траума на мускулните влакна.

Доколку вежбате специфична мускулна група одреден период, тоа може да предизвика зголемување на големената на мускулот до 60%.

Но, не секоја физичка активност предизвикува раст на мускулите, некои спортови и типови на физичка активност како што е пилатесот, јогата, балетот и сл. имаат повеќе ефект на координација и контрола врз мускулите отколку на сила и раст.

Редовната физичка активност ја подобрува мускулната координација и овозможува мускулите да работат поефективно.

Постојаната  физичка активност резултира со зголемен доток на крв во мускулите, а сето тоа значи дека во мускулите се носат повеќе хранливи нутритиенти, витамини, минерали и други важни микронутрутиенти неопходни за метаболичките процеси. Сето тоа на долгорочен план предизвикува многу полесна и побрза регенерација на телото после физичка активност.

Затоа не чувствувате тешкотии и болка во мускулите кога вежбате постојано.

Кај луѓе кои долг период се редовно физички активни  мускулите имаат поголема моќ да складираат поголеми резерви на гликоген, односно енергија. Големината и квалитетот на клеточните митохондрии во мускулите исто така се зголемува со редовна физичка активност што резултира со зголемена и поефикасна продукција на енергија во самите мускули.

Што претставуваат и зошто се битни митохондриите?

Митохондриите се клеточни структури во кој се одвива клеточното дишење, односно процесот од кој од макронутритиентите се ослободува енергија под дејство на кислород. Гликогенот е всушност депо на глукоза во мускулите.

Со крвта во мускулите се носи кислород и во митохондриите под дејство на кислородот глукозата од гликогенот ослободува енергија која се користи за контракции на мускулните влакна.

Редовната физичка активност штити од дијабет тип II

Редовната физичка активност помага за контрола на шеќерот во крвта како и за воспоставување на хормонска рамнотежа помеѓу инсулинот и глукагонот што предизвикува контрола на апетитот.

Физичката активност ги прави ензимите вклучени во процесот на продукција на енергија да работат поефикасно, што придонесува за забрзување на метаболизмот.

Доколку практикувате седечки начин на живот и најголем дел од денот го поминувате во седечка состојба, вашите мускулни клетки, но и воопшто сите клетки во телото стануваат помалку способни да ја апсорбираат и користат глукозата, тоа е така наречена инсулинска резистенција која доколку прогредира води до појава на дијабет тип II.

На луѓето со ваков тип на дијабет им се сугерира да го променат животниот стил и да започнат со физичка активност која има докажани позитивни ефекти кога е во прашање контролата на шеќерот во крвта.

Вишокот гликоза која не се искористува од клетките се конвертира во масти и се таложи во масните клетки или уште полошо на ѕидовите на артериите, што предизвикува гојазност и голем ризик од појава на кардиоваскуларни проблеми.

Сите овие докази и истражувања кои се прават низ времето само докажуваат дека ние луѓето сме создадени да се движиме и да бидеме активни со цел да имаме добро здравје. Но, за жал денешниот начин и стил на живот се повеќе влечат кон спротивното…што резултира со многу нови и “модерни заболувања”, но и пократок животен век.

Затоа пред да си давате изговори пред себе, размислете за своето здравје и за сите позитивни ефекти кои ги добивате доколку сте физички активни.

Изговорите нема да ви помогнат, а време ќе најдете затоа што сите знаеме дека е полесно да се спречи отколку да се лечи.

Никогаш не е касно за старт! Бидете активни!!!


Нашето студио за Пилатес и Аеробик – FitLife Fitness Studio секогаш е отворено за нови членови.

Лоцирани сме на ул. Невена Георгиева Дуња бр. 1, Кисела Вода (Стара Рампа, веднаш позади казиното, во истиот објект има и Златна Копачка).

Соединувајќи вежби за мобилност, сила, флексибилност и кондиција креираме часови наменети за секого.

Кај нас ќе го најдете тоа што ви е потребно и што е најважно мотивација која нема да дозволи лесно да се откажете!

Имаме неколку типови на пилатес, аеробик, тренинзи за длабоко истегнување и опуштање, утрински тренинзи, пилатес за трудници, јогалатес како и часови после работа.

Изберете ја групата која најмногу ви одговара и резервирајте си што поскоро место на телефон 071 273 982.

Доколку сакате да ја почувствувате и видите атмосферата на нашите часови погледнете го видеото во продолжение, а повеќе за нас прочитајте на линкот – FitLife Fitness Studio – локација Кисела Вода.

facebook група: Аеробик и Пилатес – FitLife Fitness Studio

facebook страна: fitlife.com.mk 

View this post on Instagram

Вежбајте во текот на летото, затоа што здравјето нема сезони! 💪🏽🌞😎 Ние имаме активности за секого! Вежбајте степ аеробик, енерџи аеробик, микс аеробик, мат пилатес, пилатес со топка, кардио пилатес и утрински пилатес. Две локации: 📍Козле и 📍Кисела Вода. Можност за комбинација на различни часови онолку пати неделно колку што вие сакате. Повеќе информации на телефон: ☎️071 273 982. …………………………………………………………………………… #pilates #summer #aerobics #fitnessstudio #fitlifemk #motivation #fitness #fitmotivation #workout #weightloss #skopje #instafit #fitforlife #fitlife #loveworkout

A post shared by Dragana Mladenovska (@dragana_fitlife) on

Фото: Vrzalski Photography

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистар по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *