Сусамки од 3 состојки готови за 1 минута

Споделете со пријателите

Овој рецепт е на Марина Пешиќ, но е нешто што мора да го пробате. Брзо, наједноставно, здраво и највкусно.

3 состојки и 1 минута е се што ви треба.

Друга одлична работа со овој рецепт/десерт е тоа што сусамот кој е основната состојка на овие сусамки има идеален нутритивен состав. Содржи дури 18 g на протеини во 100 g, 12 g растителни влакна, а дополнително содржи и многу незаситени масни киселини. Одличен извор е на калциум, железо, Б-витамини и магнезиум.

Потребни состојки:

  • 300 g сусам (јас ставив 150 g интегрален и 150 g бел)
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици кокосово масло.

Начин на подготовка:

Во тавче ставете го сусамот и кратко загрејте го без ништо, кога ќе се загрее и ќе почне да мириса, тргнете го од оган. Во него додадете ги медот и кокосовото масло и убаво соединете. Истурете ја смесата во плех, но задолжително на хартија за печење, одозгора ставете уште еден слој хартија и со сукало или поголема лажица натапкајте. Сусамот ќе сака да се двои, но вие силно натапкајте. Кога ќе ставите во фрижидер ќе се стегне и поврзе. Кога ќе ја натапкате смесата, со нож исечете коцки или правоаголници и оставете ги сусамките во зармзнувач.

Од оваа количина ќе добиете околу 30 сусамки, сепак тоа ќе зависи од плехот кој го користите и од големината на вашите сусамки.

Одлични се за десерт, но можете да ги комбинирате и во појадокот заедно со свежо овошје.

На здравје!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *