Топ 5 детокс намирници за губење килограми и чистење на телото

Свежото сезонско овошје и зеленчук се најдобрите намирници за детоксикација и слабеење. За чистење на организмот особено се значајни лимонот, ананасот и грејпфрутот затоа што го стимулираат исфрлањето на токсините од телото.

Свежото овошје и зеленчук се полни со растителни влакна, витамини и минерали кои придонесуваат за квалитетна детоксикација на организмот.

Вклучете во исхраната повеќе свежа храна и на тој начин природно ќе ја поттикнете детоксикацијата и прочистувањето на телото.

Кои се топ 5-те детокс намирници кои морате да ги вклучите во секојдневното мени?

Лимон

Богат е со витамин Ц и поттикнува лачење на ензими кои ја забрзуваат елиминацијата на отпадните продукти и токсини од телото. Со една чаша свежо цеден сок од лимон секое утро ќе го алкализирате телото затоа што лимонот помага за зголемување на рН вредноста во организмот.

Од калориски аспект 100 g лимон содржат само 26 калории, а еден лимон дневно задоволува 100% од дневните потреби за витамин Ц.

Наш предлог: Домашна лимонада со лаванда и коцки лед

Кромид

Кромидот содржи голема концентрација на кверцетин, силен антиоксиданс, но содржи и многу антоцијани кои исто така имаат антиоксидативни својства. Оваа намирница е богата со  растителни влакна, витамин Б6, фолати, манган, но исто така содржи и голема концентрација на витамин Ц.

Лута пиперка

Содржи многу витамин Ц, витамини од групата Б како и бета каротен. Лутата пиперка е одлична за слабеење благодарение на супстанцата капсаицин која помага за регулирање на апетитот, но исто така помага и за забрзано трошење на калории.

Можеби ќе ве интересира: 6 намирници кои го забрзуваат топењето на масното ткиво

Грејпфрут

Грејпфрутот е одличен извор на витамин Ц и добар извор на витамин А. Овие два витамини го зајакнуваат имунитетот и имаат антиоксидативна заштита. Исто така грејпфрутот е добар избор на витамин Б5 кој има клучна улога за регенерација на клетките. Оваа моќна овошка покрај тоа што е богата со многу витамини и минерали, значајно е што е сиромашна со калории, 100 g содржат само 40 калории.

Наш предлог: Напиток од грејпфрут и јаболков оцет кој ги намалува масните наслаги и го прочистува црниот дроб  

Ананас

Ананасот делува како природен диуретик и помага за исфрлање на вишокот течности од телото, а со самото тоа помага за детоксикација и слабеење. Ананасот содржи бромелаин, супстанца која претставува природен ензим и помага за полесна дигестија на макронутритиентите. Ананасот содржи и многу растителни влакна и помага за полесно празнење на цревата.

Можеби ќе ве интересира: Дали знаете колку шеќер има во вашето омилено овошје?

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *