Варена хељда со сос од спанаќ

Споделете со пријателите

Одличен предлог за појадок или ручек. Нискокалоричен оброк кој е супер извор на железо и витамини А и Е.

Хељдата во 100 g содржи:

  • 3,4  g протеини
  • 20 g јаглехидрати
  • 2,7 g влакна
  • 0,6 g масти
  • 0,2 g омега 3

Подготовка:

  1. Ставете ја хељдата да се вари во вода (1 чаша хељда и 2 чаши вода) и додадете малку сол додека се вари.
  2. Во меѓувреме подгответе го сосот. Ставете го спанаќот во тава што не лепи, јас секогаш ставам поголема количина спанаќ затоа што пушта вода и неговата количина станува помала (можете да капнете 1 капка маслиново масло).
  3. Кога спанаќот ќе омекне додадете кисела павлака и измешајте, на крај додадете малку бибер, сол, малку шафран (или некои од вашите омилени зачини, тука нема правила) јас додадов малку потпечена брокула и домат, можете и без нив, а можете и со нешто свое!

На здравје!

Рецепт на Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *