Вистинско домашно чоколадо

Споделете со пријателите

Ретко кој би одбил чоколадо, но многу често јадеме, уживаме и после имаме грижа на совест за изедените калории.

За да немате грижа на совест, направете си домашно вистинско чоколадо, потребни ви се само 5 состојки и силиконски калап.

Мислам дека тоа е одличен предлог и за вкусен десерт за вашите дечиња, секогаш е подобро на нашите најмили да им даваме домашно подготвени оброци, десерти и ужини.

Од оваа количина на намирници јас добив 80 грама чоколадо, слично како од продавница 🙂

Потребни состојки:

  • 2 лажици кокосово масло
  • 1 лажица путер од кикиритки
  • 1 лажица обичен несолен путер
  • 1 лажица какао
  • 1 лажичка мед или 1 лажица кокосов шеќер (може и кафеав нерафиниран)
  • за кранчи ефект можете да додадете и мелени јатки или кокосов чипс (опционално).

Начин на подготовка:

Сите состојки ги мешате заедно и ги ставате во огноотпорен сад на оган на многу тивка температура да се соединат. Мешате дури не добиете еднолична и хомогена смеса (околу 4-5 минути).

Потоа смесата ја излевате во силиконски калап за чоколадо и оставате во замрзнувач за да се стегне побрзо (околу половина час максимум).

Калапот за чоколадо најверојатно може да се најде и негде кај нас, но јас немам сретнато, мојот е од алиекспрес и еве како изгледа:

Калапот е прекрасен затоа што добивате баш реално и вистинско чоколадо во кое знаете дека нема конзерванси и милион емулагатори и додатоци.

Ве предизвикувам да си направите, дури и да немате баш ваков калап може во било каков силиконски за да може лесно да се извади.

На здравје!!!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *