Нови пријателства во Новата 2018! Vitalia станува наш ексклузивен партнер за здрава храна

Почитувани фанови, задоволство ни е да Ве известиме дека FitLife започнува соработка со најголемиот бренд за здрава храна во Македонија – Vitalia.

Фактот што како генерален спонзор имаме еден вистински и препознатлив бренд за здрава исхрана во Македонија ќе ни помогне да се кренеме на едно повисоко ниво и да станеме уште повеќе препознатливи.

Во иднина очекувајте многу  повеќе здрави рецепти и многу повеќе совети поврзани за здравата храна.

Богатата палета на најразлични здрави продукти која ја нуди Vitalia ќе ни овозможи да продолжиме да креираме иновативни здрави рецепти кои пред се се едноставни и може да ги направи секој.

Виталиа е компанија која се грижи за вашата исхрана, а истовремено и за вашето здравје. Нивната мисија е внесување на здравата храна во секојдневната исхрана, произведувајќи и дистрибуирајќи различни видови на производи од доменот на здравата исхрана- мисија на која се посветени од почетокот на нивната приказна, во 1993 година. Користејќи најсовремени технологии  кои досега не биле присутни во прехранбена индустрија, низ годините оваа фирма го бележи својот брз и динамичен развој, за денес да стане водечка фирма во регионот во овој домен, и да стане синоним за здрава исхрана со највисок квалитет  по најпристапна цена.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *