Зошто се важни и неопходни цинкот и витаминот Ц за детскиот имунитет?

Споделете со пријателите

Имунолошкиот систем на децата претрпува огромни промени и созревање во првите години од животот. Во тој период децата имаат интензивен раст и развој и имаат потреба од соодветна количина на нутритиенти, витамини и минерали за да им се овозможи правилен раст, развој и добро здравје.

Децата се особено подложни на инфекции, а сведоци сме дека секое дете кое ќе почне да оди во градинка во која доаѓа во контакт со многу инфективни агенси многу лесно и често се разболува.

Најчесто тоа се вирусни инфекции како што е обичната настинка, понекогаш грип, но и бактериски инфекции на увото и грлото.

За оптимално функционирање на имуниот систем кај децата е потребна квалитетна и разновидна исхрана која ќе ги содржи сите макронутритиенти, но и сите витамини и минерали. Секако освен исхраната на имунитет влијаат и други фактори како што е генетика, фактори од средината и слично.

Витаминот Ц и цинкот се особено важни кога е во прашање детскиот имунитет.

Влијанието на витаминот Ц врз имунитетот кај децата  

За разлика од повеќето цицачи, луѓето не можат да синтетизираат витамин Ц од глукоза. Оваа состојба генетски се дефинира како вродена грешка во метаболизмот и го прави овој витамин есенцијален.  

Витаминот Ц или аскорбинска киселина е молекула со силни антиоксидативни својства. Тој е растворлив во вода. Најголема концентрација од овој витамин има во леукоцитите, очите, надбубрежната жлезда и во хипофизата. Истражувањата во медицината покажуваат дека витаминот Ц има влијание и врз вродениот и врз стекнатиот имунитет, вклучувајќи синтеза и подобро функционирање на леукоцитите. Тој ја подобрува подвижноста, хемотакса и фагоцитна моќ на имуните клетки (студија).

Витаминот Ц поради своите антиоксидативни способности може да помогне во заштита на клетките од оксидативен стрес, вклучувајќи ги тука и клетките на имуниот систем како што сте неутрофилите и мононуклеарните фагоцити.

Исто така, многу е важно што овој витамин може да регенерира и да поправи и други антиоксиданси како што е витаминот Е со што дополнително позитивно влијае врз функционирањето на имунитетот.

Многу истражувања одат во насока и покажуваат дека зголемување на внесот на витамин Ц во препорачаните дози може да ја намали сериозноста и времетраењето на обичната настинка кај децата.

Еден Кохранов преглед открива дека суплементацијата со витамин Ц го намалува времетраењето на обичните настинки кај децата. Дополнително е дојдено до резултати дека било која инфекција предизвикува намалување на концентрацијата на витамин Ц во леукоцитите и плазмата и затоа за време на настинка се препорачува суплементација со дополнителни дози на витамин Ц.

Влијанието и важноста на цинкот за детскиот имунитет

Цинкот е неопходен транскрипциски фактор за многу ензими и игра клучна и многу важна улога во клеточната пролиферација и диференцијација. Недостатокот на цинк кај децата може да предизвика многу здравствени последици затоа што тој е минерал кој е неопходен за функционирањето буквално на сите клетки.

Концентрацијата на цинк во телото се намалува за време на стрес и инфекции. Цинкот е многу важен за активирање на соодветен имун одговор. Многу мали недостатоци од овој минерал кај децата можат да предизвикаат воспаленија и инфламација во телото.

Недостатокот на цинк може да ја наруши функцијата на епителните бариери и да ги намали имуните реакции посредувани од Т-клетките, макрофагите и NK клетките. Во споредба со возрасните, децата се изложени на зголемен ризик од недостаток на цинк. Кај децата, суплементацијата со цинк се покажало дека може да ја намали сериозноста и времетраењето на обичната настинка (студија).

Комплементарната улога на витаминот Ц и цинкот кај детскиот имунитет

Комплементарната улога на витаминот Ц и цинкот се детално прикажани на сликата погоре. Цинкот е есенцијален во процесот во кој од стем клетките од коскената срцевина се формираат лимфоцитите кој понатаму се диференцираат  во Б и Т лимфоцити. Цинкот е  неопходен за правилно функционирање на Т-лифомоцитите, за продукција на Б-лимфоцити и за ефикасна интеракција помеѓу Б и Т лимфоцитите. Витаминот Ц од друга страна ја зголемува фагоцитната моќ на фагоцитите, но ја зголемува и подвижноста на сите имуни клетки. Дополнително и витаминот Ц и цинкот заедно поволно дејствуваат на епителните бариери кои се прва одбрана од инфекции (студија).

Комбинираната употреба на витамин Ц и цинк може навистина многу да го зајакне имунитетот кај децата и да ги заштити од чести настинки и инфекции.

Можеби ќе ве интересира: 10 намирници најбогати со цинк

Најдобро е децата да имаат разновидна и балансирана исхрана и на тој начин да ги внесуваат сите витамини, минерали  и неопходно нутритиенти.

Сепак, оние деца кои се почесто изложени на инфективни агенси во оние најсензитивни периоди од годината кога има најмногу бактериски и вирусни инфекции е добро дополнително да ги суплементираме со соодветни дози на витамин Ц и цинк.

Една таква одлична формулација на додаток во исхрана за деца кој содржи цинк и витамин Ц е препратат ИМУНОЦИНК на Хемофарам. Станува збор за таблети за џвакање кои е препорачуваат кај деца со ослабена природна отпорност на организмот кои се склони кон чести инфекции, за здрав раст и развој и за деца кои се движат во колективни средини.

Препаратот е наменет за деца над 3 годишна возраст. Се зема после оброк. Таблетата треба да се жвака за да се растопи во уста.

Една таблета содржи 75% од препорачаната дневна количина за внес на витамин Ц и 50% од дневната препорачана доза на цинк.

Овој препарат може да го најдете во сите подобро снабдени аптеки.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *