Вкусен и брз ручек или вечера: Салата со леќа, марула и печурки

Споделете со пријателите

Многу често луѓето околу мене ме прашуваат што да јадат за вечера. Затоа решив почесто да споделувам вакви брзи предлози кои јас ги правам постојано.

Оваа салата е толку брза, а навистина е хранлива и нутритивно вредна. Одлична е и за ручек, но и за вечера.

Леќата е одличен извор на протеини, растителни влакна и железо.

Во 1 чаша леќа има:

  • 323 калории
  • 13.2 g масти
  • 36.7 g јаглехидрати
    • 14.5 g растителни влакна (од дневно препорачани 25 g)
    • 3.2 g се шеќери
  • 16.4 g протеини
  • 6.1 mg железо (од препорачани дневно 18 mg)

Состојки за салатата:

  • 1 чаша варена леќа
  • неколку листови марула
  • малку шампињони
  • маслиново масло
  • црн бибер, куркума, сол и лук.

Подготовка:

Леќата првин сварете ја на стандарден начин, но пред да ја варите покиснете ја барем 3-4 часа и фрлете ја таа вода па варете ја во нова.

Во тавче што не лепи ставете малку маслиново масло и насечкајте ги шампињоните. Кратко запржете ги.

Потоа во чинија измешајте ја марулата, печурките и шампињоните и додадете малку сол, куркума и лук.

Можете по желба да си додадете и 1 лажица павлака.

На здравје!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *