Совршен оброк после тренинг: Протеинско смути

Оброкот после тренинг е најважниот оброк во текот на денот, тој треба да биде комбинација од хранливи нутритиенти и пред се протеини кои ќе ви помогнат за полесна регенерација на мускулите.

Оброкот после тренинг е важен за:

  • надоместување на потрошениот гликоген,
  • намалување на процесот на разградување(катаболизам) на протеините,
  • зголемување на синтеза на протеините.

Што ќе се случи со вашето тело доколку не јадете после тренинг? – повеќе прочитајте тука.

Ова протеинско смути е совршен спој на хранливи нутритиенти, јаглехидрати, протеини и витамини кои се неопходни за обнова на  потрошените залихи на гликоген и полесно закрепнување и регенерација на мускулното ткиво.

Ова протеинско смути содржи 429 калории, 74.4 g јаглехидрати,  22.7 g на протеини и 7.7 g масти.

Функционалност: high protein, diet, vegetarian, GMOfree.

Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Прво подгответе го бадемовото млеко така што содржината од кесичката ќе ја помешате со 250 ml ладна вода. Потоа сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте дури не добиете хомогена смеса!

На здравје!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *