Здрав колач со јаболка и рум

Незаменлив вкус и мирис за ладните зимски денови. Одличен здрав и сочен десерт кој ќе ве освои со првото залче.

Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180°С.

Излупете и изрендајте ги јаболката во голем сад. Додадете ги јатките, брашното, интегралниот шеќер, кокосовото масло, јајцето, сувото грозје, млекото, прашокот за пециво и румот и убаво измешајте за да добиете еднолична и хомогена смеса.

Намачкајте ја тавата за печење со малку кокосово масло и набрашнете ја. Истурете ја смесата во тавата и печете на 180°С околу половина час.

Готовиот колач можете да го попрскате со малку цимет.

Кога ќе се олади колачот исечете го на посакуваните парченца и уживајте.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *