Здрав леден колач со гриз

Три едноставни слоеви за еден магичен вкус. Кора, кремаст дел и чоколаден дел со вкус на сникерс.

Не се пече и е навистина едноставно за подготовка и покрај тоа што има три слоеви.

Цела недела во главата ми се врти некој здрав десерт со гриз, немав идеја како да го направам ама денес засукав ракави и од тоа што имав на располагање го добив приложеното на сликата.

Му дадов име леден колач затоа што вкусот некако ме потсеќа на еден леден колач што мајка ми го правеше кога бевме мали.

Состојки (20 парчиња):

прв слој (основа):

  • 100 g мелени лешници
  • 80 g овесни снегулки
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица путер од лешник
  • 50 ml цеден сок од портокал

втор слој:

  • 5 лажици интегрален гриз
  • вода
  • 1 лажица мед
  • 40 g путер
  • 100 g мешавина од сецкано суво овошје (смокви, сливи, кајсии)

трет слој:

  • 1 лажица путер од кикиритки
  • 1 лажичка мед
  • 2 лажички какао
  • 10 g путер.

Подготовка:

За првиот дел сите состојки заедно се мешаат и основата се тапка во плехче или во сад во кој ќе го правите десертот (јас користев правоаголно плехче од помалите).

За вториот слој, гризот го варите со вода.

Вода додавате отприлика, да се облее гризот и плус уште малку (немам точни мерки зошто јас од око ставам), потоа во топлиот гриз го додавате путерот, медот и сецканото суво овошје. Смесата убаво се соединува и ја истурате врз првиот слој.

Третиот слој е чоколадниот, тој што потсеќа на сникерс. Сите состојки ги ставате во огноотпорен сад и на пареа ги соединувате убаво. Истурате врз вториот слој и по желба насипувате одозгора мелени кикиритки.

На крај во фрижидер да се стегне и тоа е тоа 😊

Ве предизвикувам да го направите, нема да зажалите, ви ветувам 🙂


Повеќе идеи за здрави рецепти, пронајдете тука.


View this post on Instagram

🍰Здрав леден колач со гриз🍫 _____________________ Три едноставни слоеви за еден магичен вкус. Кора, кремаст дел и чоколаден дел со вкус на сникерс. Не се пече и е навистина едноставно за подготовка и покрај тоа што има три слоеви. Цела недела во главата ми се врти некој здрав десерт со гриз, немав идеја како да го направам ама денес засукав ракави и од тоа што имав на располагање го добив приложеното на сликата. Му дадов име леден колач затоа што вкусот некако ме потсеќа на еден леден колач што мајка ми го правеше кога бевме мали. _____________________ Состојки (20 парчиња): _____________________ прв слој (основа): • 100 g мелени лешници • 80 g овесни снегулки • 1 лажица мед • 1 лажица путер од лешник • 50 ml цеден сок од портокал _____________________ втор слој: • 5 лажици интегрален гриз • вода • 1 лажица мед • 40 g путер • 100 g мешавина од сецкано суво овошје (смокви, сливи, кајсии) _____________________ трет слој: • 1 лажица путер од кикиритки • 1 лажичка мед • 2 лажички какао • 10 g путер. _____________________ Подготовка: За првиот дел сите состојки заедно се мешаат и основата се тапка во плехче или во сад во кој ќе го правите десертот (јас користев правоаголно плехче од помалите). За вториот слој, гризот го варите со вода. Вода додавате отприлика, да се облее гризот и плус уште малку (немам точни мерки зошто јас од око ставам), потоа во топлиот гриз го додавате путерот, медот и сецканото суво овошје. Смесата убаво се соединува и ја истурате врз првиот слој. Третиот слој е чоколадниот, тој што потсеќа на сникерс. Сите состојки ги ставате во огноотпорен сад и на пареа ги соединувате убаво. Истурате врз вториот слој и по желба насипувате одозгора мелени кикиритки. На крај во фрижидер да се стегне и тоа е тоа 😊 Ве предизвикувам да го направите, нема да зажалите, ви ветувам 😋

A post shared by Dragana Mladenovska (@dragana_fitlife) on

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *