Предлог за лесен и здрав ручек: Киноа со зеленчук и соја топчиња

Одличен предлог за саботен ручек за целото семејство. Оброк полн со хранливи нутритиенти протеини и витамини.

Количината на намирници излистани подолу одговара за 2 порции.

Една порција содржи: 508 калории, 56.6 g јаглехидрати, 17.1 g масти и 33.7 g протеини.

Функционалност: посно, vege, high protein, lactose free.

Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Зеленчукот кратко варете го дури не омекне.

Киноата варете ја на тивок оган околу 15 минути дури целосно не омекне.

Соја топчињата варете ги исто така околу 15 минути дури и тие целосно не омекнат.

Кромидот сито насечкајте го и пропржете го заедно со сварените соја топчиња и доматниот сос и сенфот. На крај додадете зачини по ваша желба и малку посолете.

Во друг сад измешајте ги заедно мешавината од зеленчук и сварената киноа. Додадете сусамово масло и зачини.

Сервирајте во длабоки и големи чинии заедно со свежа краставица.

На здравје!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *