Здрав сладолед од чоколадо и минт за кој ви се потребни само 5 минути

Вегански сладолед од чоколадо и минт за кој ви се потребни само 5 минути. Овој сладолед е одлична здрава варијанта за вкусен десерт затоа што не содржи ни млеко, нити пак шеќер. Базата на сладоледот се бананите кои му даваат сладок вкус, а дополнителна сладост даваат и сувите урми.

Намирниците кои се излистани подолу се доволни за подготовка на 4 порции сладолед. Една порција содржи: 232.5 калории, 36.4 g јаглехидрати, 9.1 g масти и 3 g протеини.

Потребни состојки (за 4 порции):

  • 3 замрзнати банани
  • 100 g темно чоколадо со 70% какао
  • околу 70 ml бадемово млеко (или некое друго растително)
  • листови свежо нане
  • 3-4 суви урми без семка.

Начин на подготовка:

Најпрвин во блендер ставете го бадемовото млеко и нането и убаво изблендирајте. Потоа додадете ги бананите и урмите и продолжете со мешање. Чоколадото стопете го на пареа и внимателно додавајте го во смесата со постојано мешање (бананите бидејќи се ладни ако го истурите целото наеднаш ќе стане повторно тврдо и нема да можете да мешате).

Доколку сакате, можете да ставите и неколку ситни парченца од чоколадото.

Кога ќе добиете убава, густа и хомогена смеса, истурете го сладоледот во соодветен сад за замрзнување и оставете во замрзнувач минимум 2 часа.

На здравје!

Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *