Брза и здрава чоколадна торта со бадеми и кора од портокал

Споделете со пријателите
Здрава чоколадна торта со бадеми и кора од портокал која ќе ве освои уште на првото залче. Не ја печете многу долго за да остане кремаста. Користете квалитетно темно чоколадо така што вкусот ќе биде уште подобар.

Еве што ќе ви биде потребно:

  • 100 g бадеми
  • 3 супени лажици интегрално брашно
  • 180 g темно чоколадо
  • 100 ml маслиново масло
  • 1 портокал
  • 3 супени лажици мед
  • 3 јајца
  • 1/2 прашок за пециво

Начин на подготовка: 

  1. Бадемите ставете ги во блендер/сецко и убаво измелете, така што ќе добието брашно од бадеми.
  2. Помешаје го брашното од бадеми со интегралното брашно.
  3. Чоколадото истопете го на пареа заедно со маслиновото масло.
  4. Изрендајте од кората од портокалот во чоколадото и кога малку ќе се олади измешајте ги во чоколадото и жолчките и медот.
  5. Белките мешјате ги со миксер дури не добиете пенаста структура, па потоа измешајте ги со чоколадниот дел.
  6. На вака подготвената смеса додадете ги бадемите и интегралното брашно и печете во загреана рерна 25 до 30 минути на 180ºС.
  7. Доколку уживате во декорации, одозгора прелијте ја со малку стопено чоколадо и посипете со кокосово брашно.

Добар апетит!

Повеќе рецепти за здрави десерти пронајдете на следниот линк.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *