Здрава пица со тесто од киноа и амарант

Мислам дека после подготовка на ова превкусно тесто за пица, никогаш повеќе нема да правам тесто со брашно.

Неверојатно вкусно, лесно и здраво!!!

Во прв момент бев несигурна дали воопшто ќе личи на тесто за пица :), но не само што личеше туку беше предобро.

Филот може да биде каков сакате, додадете состојки кои ви се омилени и направете ја најубавата и најздрава пица.

Подолу е мојот предлог заедно со начинот на подготовка на тестото.

Потребни состојки:

за тесто:

фил:

  • доматен сос
  • оригано
  • 4-5 маслинки
  • 10-тина шампињони
  • околу 50 g моцарела
  • свеж домат
  • босилек (по желба).

Начин на подготовка:

За подготовка на тестото, киноата мора да ја оставите да се кисне во вода минимум 8 часа. Потоа ја фрлате водата во која се киснела и ја ставате киноата во блендер, додавате 100 ml нова вода и мешате (смесата што ќе се добие е прилично течна), потоа ги додавате снегулките од амарант, прашокот за пециво и хималајската сол. Продолжувате да мешате со блендерот дури не добиете густа смеса која личи на паста (финалната смеса треба да биде густа, но не премногу, не се плашете дека нема да се испече).

На тавче обложено со хартија за печење намачкајте малку маслиново масло и истурете од сместа, со лажица направавте кружна форма и ставете да се пече на 180-200°С околу 10-тина минути. Кога тестото ќе се испече и ќе добие црвенкаста боја извадете го и наредете ги состојките од филот. Вратете во рерна уште дополнителни 10-15 минути.

На крај ставете врз пицата кругови свеж домат и малку босилек.

Уживајте!!!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *