За овој здрав и исклучително вкусен десерт не е потребно да поседувате посебни кулинарски вештини 🙂
Овие бомбици со одлична арома и вкус на лимон се подготвуваат навистина едноставно и брзо, а можат да бидат одличен предлог за здрав десерт за било кој дел од денот.
Потребни состојки:
- 100 g суви урми без семка (киснати во вода околу 30 минутни)
- сок од еден лимон (или лимета)
- 100 g непечени индиски ореви
- 100 g ореви или бадеми
- 100 g интегрални благи крекери
- малку рендана кора од лимон.
Начин на подготовка:
Во блендер или сецко најпрвин измелете ги интегралните крекери. Потоа продолжете со мелење на индиските ореви и оревите или бадемите и во таа смеса додадете ги урмите.
На крај додадете ги мелените крекери во смесата од мелени јатки и урми и додадете го сокот од лимон, по потоа нарендајте и малку кора од лимон.
Измешајте убаво со голема лажица и почнете да формирате топчиња.
Од оваа количина на намирници можете да добиете околу 20-тина бомбици, но сепак тоа ќе зависи од нивната голема.
По желба можете да ги валкате во кокосови трошки или пак да измелете уште 5-6 интегрални крекери.
Уживајте во вкусниот и здрав десерт!
Повеќе идеи за здрави десерти, можете да најдете тука.
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.