4 вкусни и здрави рецепти за ручек за кои ви се потребни помалку од 15 минути

Ако мислите дека готвењето одзема многу време, сепак се лажете. Има многу оброци кои се вкусни и здрави и за кои ви се потребни околу 15тина минути.

За да готвите и да а се храните здраво, треба да имате само вистинска желба и секако да сакате!

Еве 4 мои предлози за вкусен ручек кој јас често ги правам кога сум во брзање.

Туна со зеленчук

Многу е едноставно и брзо затоа што туната совршено се комбинира со повеќе зеленчуци. Можете да направите салата од марула, пченка, кромид и рендани моркови и да ја зачините со маслиново масло, хималајска сол и сок од лимон.

Совршен, брз ручек кој содржи помалку од 400 калории.

Интегрални лепчиња со моцарела и домат

Интегралните лепчиња премачкајте ги со путер и малку моцарела и кратко запечете ги. На крај додадете свеж домат и многу малку босилек. Ќе добиете совршен, лесен оброк. Бројот на калории кои ќе ги внесете ќе зависи од лебот што го користите и секако од количината која ќе ја изедете. Но, сепак две-три вакви интегрални лепчиња нема да бидат повеќе од 400 калории.

Омлет со зеленчук

Јајцата нека ви бидат секогаш во листата на оброци кога не знаете што да јадете, со нив не можете да згрешите. Јајцето е полновредна намирница која содржи многу квалитетни протеини, масти и витамини. Одличен сојузник е на добрата фигура, доколку правилно се комбинира.

Омлет со зеленчук е секогаш добар избор. Користете сезонски зеленчук по ваша желба.

Ваквиот оброк содржи околу 300 калории.

Брза здрава пица

За да биде брзо користете готово интегрално тесто или тортиља.

Еден мој предлог можете да видите на сликата подолу.

View this post on Instagram

Личи на пица ама не е баш пица 😊 Полесен и побрз ручек од ова здравје. Се на се ме фати 10 минути (и со јадење 😊). Комбинацијата на намирници е навистина одлична, јас го јадев после утрински тренинг и баш фино ми легна 😁 бев сита, а воопшто не се чувствував прејадено или полно. ………… ⚠️Ова е одличен пример за избалансиран оброк кој ги содржи сите макронутритиенти, но и доволно зеленчук кој ќе овозможи внес на соодветна количина на витамини и минерали. Здравјето ни доаѓа од храната, ние сме тоа што јадеме, правете правилни избори со намирниците што ги внесувате! Еве што всушност е рецептот ➡️ Тестото е тортиља со чиа (бев гладна па ставив две, едно врз друго). Состојките за филот се следни: 📍доматен сос 📍туна (од големите конзерви ставив пола) 📍 ¼ тиквичка 📍 ½ домат 📍 ½ морков 📍малку младо кромитче и оригано. Печев многу кратко во загрената рерна на 250˚С, околу 3-4 минути максимум. Ве предизвикувам да направите 😊 ве очекувам со слики 😊 ………………. #fitfeelings #eatguide #dietetics #nutrition #eatclean #foodie #foodpics #healthylifestyle #eatinggood #habits #lifestyle #instapic #fitlife #futlifemk #cookingwithlove #foodporn #skopje

A post shared by Dragana Mladenovska (@fitlife_pilates_aerobic) on

Но, искрено можете да искористите било што. Премачкајте со путер или маслиново, ставете ги омилените зеленчуци и изрендајте малку моцарела. Печете кратко!

Можете да пробате и со рендано варено јајце, предобро е!

Овој оброк содржи околу 400 калории, сепак се зависи од типот на намирници кои ќе ги користите!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *