Здрави овесни топчиња со џем од вишни

Ова е одличен здрав десерт со кој можете да ги изненадите најблиските, но и да го подготвите набрзина доколку ви се најават гости. Овие топчиња не се печат, само ги мешате состојките и за помалку од 10 минути имате готов десерт, кој покрај тоа што изгледа неодоливо е и супер хранлив и здрав.

Нутритивни вредности по парче: 113.4 калории, 16.8 g јаглехидрати, 4.4 g масти и 2.5 g протеини.

 Потребни состојки (за околу 9-10 топчиња):

  • 150 g мелени овесни снегулки
  • 1 зрела банана
  • 30 g путер
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици кокосови трошки
  • 1 лажица мед
  • по потреба: многу малку млеко или вода
  • џем од вишни (џемот е домашен, направен по стар рецепт на мајка ми).

Начин на подготовка:

Најпрвин овесните снегулки ставете ги во бледнер за да станат брашно. Потоа во друг сад со виљушка изгмечете ја бананата и додадете ја на овесните снегулки, додадете го путерот, какаото и кокосовите трошки. Мешајте со лажица дури смесата не се соедини, доколку е многу густа, додадете по желба многу малку млеко или вода (околу 1-2 лажици) и продолжете со мешање.

На крај формирајте топчиња и на средината со врвот од лажицата или со прст направете дупче, во него ставете малку џем од вишни иако можете да искористите било каков џем.

Можете дури и сами да си направете, а ние имаме одличен рецепт – проверете го тука.

Ставете ги топчињата во фрижидер за да се стегнат, околу 20тина минути.

Уживајте!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *