Здрави посни чоколадни мафини

Посно, здраво и вкусно. Во име на велигденските пости ќе се обидеме да ви даваме идеи за посни и здрави рецепти.

Овие мафини се одличен здрав и посен десерт, доколку сакате да бидат уште посочни можете да ги премачкате со некој ваш омилен џем.

Одлични се за појадок заедно со топол чај или пак за десерт во било кој дел од денот.

Количината на намирници е доволна за подготовка на 12 мафини.

Еден мафин содржи 108.83 kcal, 12 g јаглехидрати, 6.7 g масти и 2.5 g протеини.

Потребни состојки (за 12 мафини):

Начин на подготовка:

Во длабок сад ги мешаме првин сите суви делови се дури не се добие хомогена и еднолична смеса. Потоа го додаваме накиснатото мелено ленено семе, кокосовото масло и водата и мешаме интензивно дури не се хомогенизира смесата.

Со лажица ги полниме силиконските калапчиња и печеме во загреана  рерна на температура од 180˚С околу 30 минути.

На здравје!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *