5 зеленчуци кои содржат помалку од 50 калории во 100 g  

Зеленчукот е одличен сојузник доколку се борите со вишокот килограми, но од друга страна тој е и ваш најголем пријател за добро здравје.

Направивме листа на најмалку калорични зеленчуци кои содржат помалку од 50 калории во 100 g.

Овие зеленчуци можете да ги јадете во неограничени количини без “грам” грижа на совест. 

1.     Целер

100 целер содржи само 15 калории, 2.9 g јаглехидрати, 0.1 g масти и 0.7 g протеини. Целерот исто така содржи и калиум, калциум, витамин А, Витамин Ц, витамин Б6 и магнезиум. Можете да го јадете како салата или да го комбинирате во зеленчуково вариво. Користете го и како замена за чипс со вашиот омилен сос по желба.

Наш предлог за енергија и ревитализација: Зелен утрински напиток од целер и краставица.

2.     Спанаќ

100 спанаќ содржат само 23 калории, 3.6 g јаглехидрати, 0.4 g масти и 2.8 g протеини. Спанаќот содржи многу големо количество на витамин А. 100 gспанаќ содржат 50% од дневните потреби за витамин Ц, но исто така спанаќот содржи и витамин Б6, железо и магнезиум.

Спанаќот е одличен да го консумирате како свежа салата, да го искористите за подготовка на вкусно зелено детоксицирачко смути. Исто така спанаќот можете да го ставите во било кое вариво, да го комбинирате со ориз или било која житарка како киноа, просо, хељда и амарант.

Наш предлог: Детокс смути за зајакнување на имунитетот.

3.     Аспарагус

100 аспарагус содржат само 18 калории, 3.8 g јаглехидрати, 0.1 g масти и 2.1 g протеини. Аспарагусот содржи и голема количина на растителни влакна, магнезиум, витамин А, витамин Ц, витамин Б6, магнезиум, калциум и железо.

Тој има магични својства во проблемите со варењето на храната.

Највкусен е доколку кратко го печете во рерна на хартија за печење и го попрскате со малку маслиново масло, хималајска сол и зачини по желба. Одлично се комбинира со печено месо.

4.     Брокули и карфиол

100 карфиол содржат само 25 калории, 5.3 g јаглехидрати, 0.1 g масти и 1.9 g протеини. Во 100 брокули пак има само 34 калории, 6.6 g јаглехидрати, 0.3g масти и 2.8 g протеини.

Брокулите и карфиолот исто така содржат многу големо количистево на витамин Ц и калиум како и многу големо количество на антиоксидаснки кои го штитат телото од слободните радикали.

Можат да се подготват на многу начини, но најздраво е кога се подготвуваат на пареа. Од нив можете да направите вкусна зеленчукова чорба, нискокалорично пирездрави бургери, тесто за пица, но и едноставна и вкусна салата.

5.     Печурки

100 печурки содржат само 21 калорија, 3.2 g јаглехидрати, 0.3 g масти и 3 g протеини. Печурките се одличен извод на витамини од групата Б, селен и бакар.

Печурките се одличен извор на растителни протеини и одлично се вклопуваат во било кој ручек.

Наш предлог: Зеленчукова крем супа со печурки.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *