Зеленчукова вкусна кашичка (6+)

Здравите навики се формираат од мали нозе. Бебињата не ги сакаат баш многу многу зеленчуковите кашички, но бидете упорни, пробувајте разни вкусови и комбинации. Сигурно ќе дојдете до некоја комбинација која ќе му биде омилена на вашето малечко.

Кај нас ова беше една од зеленчуковите кашички која се изеде без проблем, од прва, со многу малку плукање наоколу 😊

Состојки:

  • 2 помали китки карфиол
  • 2-3 тркалца тиквичка
  • ½ младо кромитче
  • 1-2 лажички просо
  • околу 150 ml вода.

Подготовка:

Сите состојки заедно со водата ставете ги да се варат во тенџере.

Кога ќе омекнат доволно и просото убаво ќе се свари, фрлете дел од водата, доколку останала и ставете се во блендер.

На крај ако сакате можете да додадете ½ лажичка маслиново масло.

Од оваа количина ќе добиете околу 120 g кашичка, што е сосема доволно за бебе од 6 месеци.

На здравје бебенце!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *