Зеленчукова каша со брокула (6+)

Споделете со пријателите

Многу е веројатно дека вашето бебе полесно ќе ги прифати овошните кашички, за разлика од зеленчуковите, а особено такви со брокула. Но, како и да е мораме да ги научиме на сите вкусови и да бидеме максимално трпеливи!

Мојот метод на воведување намирници е напоредно, односно наизменично воведување на овошје и зеленчук.

Како што е според препораките, неделно воведувам само две нови намирници, односно давам пример 3 дена само брокула во разни комбинации (со претходно воведени намирници), други три дена ако воведувам пример крушка ја давам неа во разни комбинации. Гледам постојано да вртам зеленчукови/овошни комбинации и да не се фокусирам неколку денови пример да биде само на овошје.

Брокулата не беше баш омилена, иако пробував да го замаскирам вкусот, но сепак успеав да дадам неколку лажички кои успешно завршија во малото стомаче на Ана.

Во продолжение следува рецептот.

Состојки:

  • 1 лажица мелен ориз (најобичен кочански ориз, го мелам во блендер и таков го користам) – го варам на тивко со 150 ml вода – готов е за помалку од 5-6 минутки
  • 2 китки брокула
  • 2-3 тркалца тиквичка

Подготовка:

Оризот како што е опишано горе се вари посебно на тивко. На пареа околу 10-15 минути се подготвуваат брокулата и тиквичката. Кога ќе омекнат ставете ги заедно со оризот во блендер.

Од оваа количина на намирници ќе добиете околу 100-110 g детска кашичка, што е сосема доволно за овој период.

На здравје бебенце!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *