Ручек за бебе – Зеленчукова плескавица со варено морковче и брокула (8+)

Бидејќи Ана почна да покажува револт кон зеленчукови кашички, мама мора некако да биде  иновативна.

Порано кога ќе и дадев било какво залче или погуста кашичка веднаш и се активираше рефлексот на повраќање и искрено многу се плашев. Но, од скоро почна сама да пројавува желба да џвака. И давам веќе парченца банана, кајсија, праска…

Ова се состојките што ми беа потребни за зеленчуковите плескавички:

  • 1 варен компир
  • малку обарена блитва
  • 2-3 тркалца рендана тиквичка
  • многу малку рендан кромид и лук
  • 1 лажичка кисело млеко
  • 5 g или 1 лажичка стопен путер.

Начин на подготовка:

Најпрвин го сварив компирот.

Блитвата многу малку ја обарив во зовриена вода и потоа многу ситно ја насечкав.

Тиквичката ја изрендав на најситно и ја исцедив од водата, на најситно го изрендав и кромидот иако беше многу малце и само за вкус додадов и малку лук.

Сите зеленчуци ги измешав заедно и го додадов киселото млеко и путерот.

Се направи баш убава  густа смеса од која направив три плескавици.

Ги ставив на загреано тефлонско тавче без масло и кратко ги запеков од двете страни (меки се, не очекувајте дека ќе добиете крцкава плескавица).

Ана навистина уживаше и без проблем изеде цела плескавица, втората ја чека за малку покасно и една секако остана за мама 😊

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *