Зошто е важно железото во бременоста и како да го одржите во нормални граници?

Постојано се зборува за важноста на железото за време на бременоста, но дали сте се запрашале зошто тој минерал е толку важен и потребен за телото во тој период?

Зошто е потребно железото во бременоста?

Нашето тело го користи железото за да создаде хемоглобин кој е сместен во црвените крвни клетки и е одговорен за транспорт на кислородот низ целото тело. За време на бременоста телото на мајката треба да обезбеди доволно кислород и за бебето што значи дека ќе биде потребно многу повеќе хемоглобин.

Препорачаната дневна доза за внес на железо од 18 mg на ден кај трудници се зголемува на 27 mg на ден. Железото е неопходно затоа што доаѓа до зголемување на волуменот на крвта и формирање на плацента и секако крвоток за самото бебе.

Всушност, повеќето жени кои имаат адекватни резерви на железо и кои користат соодветни витамини во бременоста и секако кои се хранат со исхрана која содржи железо најчесто не се соочуваат со проблемот на ниско железо и хемоглобин кој е најизразен во последниот триместар од бременоста.

Но, кај околу 15 до 25% од бремените жени се јавува дефицит на железо или анемија. Оваа состојба доколку не се контролира може да биде опасна и за бебето, но и за мајката. Анемијата може да биде причина за предвремено породување, раѓање на бебе со ниска тежина, но и здравствени проблеми кај самата мајка.

Жените кои развиваат анемија во бременоста се чувствуваат изморено, најчесто имаат вртоглавици,тахикардија, слабост, гадење, намалување на имунитетот и сл.

Која храна е богата со железо?

Најдобар извор на железо е секако црвеното месо, сепак железо има и во одредени житарици, во леќата, гравот, семето од коприва и во зелениот лиснат зеленчук.

За да може железото да се апсорбира и искористи од храната која ја внесуваме, неопходно е да се внесува истовремено и витамин Ц. Затоа една од најдобрите комбинации за оброк е месо со салата. Во месото има доволно железо, а во салата доволно витамин Ц што овозможува лесна и целосна апсорпција на железото.

Исто така битно е да се знае дека кога се внесува железо треба да се избегнува внесување на храна богата со калциум затоа што калциумот ја попречува апсорпцијата не железото. Бидејќи и калциумот е неопходен во бременоста внимавајте да го внесувате во различни временски рамки.

Количина на железо во милиграми во одредени намирници:

извор количина содржина на железо (mg)
телешко месо 85 g 3.0
телешки црн дроб 85 g 7.5
пилешки гради (печени) 85 g 1.1
пилешки бут (печен) 100 g 1.3
пилешки црн дроб 100 g 12.8
школки ¾ чаша 3
свинско месо 85 g 1.2
туна во вода 85 g 0.8
мисирка (темно месо) 100 g 2.3
мисирка (бело месо) 100 g 1.6
бадеми 10 – 12 0.7
суви кајсии 10 1.7
црн грав (варен) 1 чаша 3.6
интегрален леб 2 парчиња 1.8
брокула, зготвена ½ чаша 0.6
урми 10 1.6
бел грав, варен 1 чаша 5.2
леќа, варена 1 чаша 6.6
кромид ½ 1.5
меласа 1 лажица 3.5
грашок ½ чаша 1.3
суво грозје ½ чаша 1.5
смоква 1 2
интегрален ориз, варен 1 чаша 1
варена киноа 1 чаша (185 g) 2.8
варен амарант 1 чаша (240 g) 5.2
паста 150гр 0.8
соја, варена 1 чаша 8.8
тофу ½ чаша 6.6
спанаќ, варен ½ чаша 3.2
какао 1 лажичка 0.5
кари 1 лажичка 0.6
јајца 1 1

За да бидете сигурни дека ќе го одржите нивото на железо и хемоглобин на оптимално ниво, правете месечни контроли на крвта во текот на целта бременост, исто така трудете се да се храните здраво и внесувајте почесто и повеќе храна која содржи железо.

Витамините кои се пијат во текот на бременоста се секако задолжителни, се со цел мајката да биде 100% сигурна дека бебето ги добива сите потребни нутритиенти кои му овозможуваат правилен раст и развој на бебето.

Можеби ќе ве интересира:

Нега на кожата во бременоста – спречете ја појавата на стрии

Едноставни совети за здрава бременост

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *