6 знаци дека можеби не внесувате доволно протеини

Зголемениот внес на протеини во исхраната може да го забрза метаболизмот и да допринесе за полесно и поздраво губење на килограмите.

Една здрава индивидуа во текот на денот треба да внесува од 1.2 до 1.6 g протеини по килограм телесна маса, што би значело околу 80 до 100 g протеини за личност што тежи околу 65 kg. Исто така многу е важно протеините да бидат правилно распоредени во сите оброци во текот на денот. Многу често луѓето избегнуваат протеини за појадок и вечера што е многу погрешно. Докажано е дека внес на 30 g протеини за појадок може да го зголеми чувството на ситост и да го намали апетитот во текот на целиот ден со тоа што ќе се намали и желбата за грицкање меѓу оброците.

Знаци кои укажуваат дека можеби не внесувате доволно протеини:

  1. Висок холестерол

Зголемување на холестеролот во крвта може да се јави поради повеќе причини, а една од нив е и исхрана богата со јаглехидрати и слатки намирници. Доколку здравите протеински оброци ги заменувате со чипс, чоколади, и готови јадења во кои не знаете што навистина има внатре, тогаш да не ве чудат високите вредности на холестерол во крвта.

  1. Пад на расположението

Протеините му помагаат на мозокот да синтетизира хормони како допамин и серотонин кои помагаат за подобрување на расположението. Протеините содржат аминокиселини кои се прекурсори за синтеза на овие хормони, така што исхрана сиромашна со протеини може да го афектира во голем степен и расположението.

  1. Чувствувате голем замор кога вежбате

Нископротеинска исхрана може да резултира со замор и лесно воспалување на мускулите. Причината лежи во фактот што аминокиселините од протеините се неопходни за регенерација на мускулното ткиво после тренинг, но и за обнова на енергетските резерви во мускулите.

  1. Не спиете добро

Лош сон или воопшто несоница можат да бидат врзани со вашите прехранбени навики. Храна која има висок гликемиски индекс (листа на намирници и вредности за гликемиски индекс) изедена навечер може да ви го поремети сонот. Најдобро е навечер да јадете храна која содржи протеини кои содржат аминокиселини кои се неопходни за синтеза на хормонот мелатонин кој е одговорен за нашиот сон.

  1. Многу брзо губите концентрација

Протеините се многу важни за правилна неуролошка рамнотежа во телото, затоа недостаток од протеини предизвикува пад на концентрацијата и потешкотии со меморијата.

  1. Се чувствувате надувано

Недостатокот од протеини во телото доведува до општ замор на целиот организам. Доколку исхраната ви изобилува со јаглехидрати и шеќери и низок процент на протеини, тогаш токму поради тоа се чувствувате надувано. Јаглехидратите внесени во телото задржуваат дополнителна вода што придонесува за подуеноста и лошото чувство. Оние кои пробале протеинска исхрана сигурно забележале дека уште во првите 2 дена губат 2-3 kg што всушност е вишокот врзана вода во нашето тело.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *