5 причини зошто да продолжите да вежбате и преку лето

За време на летото, многу луѓе одлучуваат да ја редуцираат физичка активност со изговор дека е навистина многу топло и не е добро да се вежба. Но, сепак ако сте во групата на луѓе кои се грижат за своетo тело и здравје, летото не треба да има никакво влијае врз тоа колку физички активни ќе бидете.

Иако навистина е потешко да сe вежба доколку температурите сe многу високи, сепак ако понесете со себе доволно вода и ако изберете физичка активност која би можеле да ја вежбате надвор, тогаш се ќе биде како што треба.

Еве 5 одлични причини зошто не би требало да го изоставите тренингот во летните топли месеци.

1) Мускулите ги топат мастите, дури и кога мирувате

Аеробната активност помага за зголемување на потрошувачката на калории, а метаболизмот е оној кој игра најважна улога во начинот на кој храната се претвора во енергија. Луѓето со поголема мускулна маса имаат и поголема енергетска потрошувачка, дури и кога мируваат. Како што старееме метаболизмот се забавува  и сето тоа предизвикува постепено натрупување на вишок килограми кои со текот на годините многу потешко се губат.

Одржување на мускулното ткиво и континуирано вежбање е најдобриот начин да одржите баланс помеѓу метаболизмот и килограмите. Доколку континуирано вежбате без паузи ќе успеете да го одржите мускулното ткиво и ќе немате ризик од забавување на метаболизмот и трупање на масно ткиво.

2) Мускулите помагаат во одржување на здрави коски

Како што старееме, густината на коските полека опаѓа, а тоа е најмногу изразено кај жените во менопауза. Сето тоа предизвикува појава на остеопороза и проблеми со мускуло-скелетниот систем. Сите сме сведоци дека скоро и да нема човек кој е во повозрасни години, а да нема проблеми со коските (болки во колена, грбот, помала подвижност и сл.).

Континуираната физичка активност докажано помага во зголемување на густината на коските и намалување на ризикот од појава на остеопороза. Особено е значајно физичката активност да биде најголема до 25-тата година од животот кога се формира коскеното ткиво. Годините потоа е потребно повторно да се вежба за да се одржи таа коскена структура. Кај луѓето кои редовно вежбаат ризикот од појава на проблеми со коските дури и во поодминати години е многу мал.

3) Затегнување на мускулите ја подобрува рамнотежата

Освен превенцијата од вишок килограми и намалување на ризикот од појава на остеопороза, редовната физичка активност помага и во подобрување и одржување на рамнотежата. Рамнотежата е битна во секојдневните активности како пазарење во маркет, качување по скали и сл. Физичката активност е особено значајна за одржување на рамнотежата и тоа кај повозрасни луѓе затоа што проблемите со рамнотежата во поодминати години многу влијаат на квалитетот на живот. Затоа ако сакаме да бидеме подвижни, витални и без проблеми со мускуло—скелетниот систем во повозрасни години мораме да вложуваме во телото во младоста.

4) Превенција од болести

Физичката активност докажано позитивно влијае на целокупното здравје, вклучувајќи го и ризикот  од кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и сл. Доколку редовно вежбате преку целата година, телото тоа го знае така што ќе ве награди со одлично здравје, појак имунитет и  подобро расположение.

Исто така многу студии потврдуваат дека редовната физичка активност може да помогне во намалување на болката во зглобовите кај оние кои имаат артритис, дури и поефикасно отколку лековите.

Дополнително физичката активност го подобрува менталното здравје и го намалува ризикот од појава на депресија и анксиозност кои се јавуваат се почесто дури и меѓу помладата популација.

5) Ако вежбате редовно ќе изгледате супер на плажа 🙂 

Покрај сите здравствени придобивки кои ги нуди вежбањето, една дополнителна предност е што со редовна физичка активност ќе изгледате супер на плажа. Редовната физичка активност го одржува мускулниот тонус, а тоа е она што всушност прави да изгледате и да се чувствувате добро во костим за капење.

Заклучок:

Физичката активност не би требало да трпи за време на летото, доколку навистина не можете да издржите да вежбате во затворени простории, направете го тоа надвор.

За оптимални резултати и одржување на мускулното ткиво потребна е редовна физичка активност. Изговорите не трошат калории, ниту пак градат мускули.


Доколку сето тоа ви звучи интересно и сакате да ги почувствувате на своја кожа сите придобивки кои ги нуди физичката активност, тогаш задолжително треба да го посетите нашето студио за Аеробик и Пилатес – FITLIFE fitness studio.

Лоцирани на ул: Миле Поп Јорданов 68, кула 12, во Козле (веднаш спроти кафана Чашка, во близина на Македонска Куќа) и кај нас можете да вежбате повеќе типови на Пилатес и Аеробик.

Направете го вистинскиот избор за себе и за своето здравје и резервирајте си место на телефон: 071 273 982.

Повеќе за FITLIFE fitness studio, прочитајте тука, а целосниот распоред на тренинзи погледнете го на сликата подолу.

Фото: Vrzalski Photography

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *