11 придобивки од трчањето

Трчањето е совршен и бесплатен начин да изгледате и да се чувствувате добро. Не ви е потребна специјална опрема или место за тренирање. Доволно се пар добри патики и малку упорност.

Трчањето е корисно и ефикасно за лечење на многу болести. Индиректно влијание врз централниот нервен систем и  врз кардиоваскуларниот систем  што носи позитивни здравствени ефекти врз целиот организам.

Издвојуваме 10 здравствени придобивки од трчањето:

  1. Кардиоваскуларни болести

Нашето срце е мускул. За да го зајакнеме, би требало да го вежбаме. Кога трчаме срцето е принудено да пумпа повеќе крв, вените и артериите стануваат поеластични затоа што мораат побрзо да ја транспортираат крвта и кислородот до сите клетки во телото.

  1. Дијабетес

Дијабетес тип 2 најчесто се јавува кај луѓе кои не се физички активни, неправилно се хранат и имаат вишок килограми.

За да спречите појава на дијабет тип 2 започнете со било каква физичка активност, трчањето е одличен избор затоа што покрај многуте придобивки за телото многу успешно помага за регулирање на шеќерот во крвта.

  1. Имунитет

Трчањето го зајакнува имунитетот и ја зголемува моќта на телото полесно да се бори против инфекции, настинки, грип и алергии. Исто така трчањето ќе ви помогне да ги намалите менструалните болки, уморот и болките во грбот.

Наш предлог: Детокс смути за зајакнување на имунитетот

  1. Малигни заболувања

Аеробниот тренинг кој трае минимум 30 минути докажано го намалува ризикот од настанување на неколку типови на рак. Умерената физичка активност помага за регулација на хормоните и рамнотежана на ендокриниот систем, што е одлично за намалување на ризикот од појава на малигни заболувања.

  1. Концентрација и памтење

Трчањето ги подобрува менталните функции така што го зголемува протокот на крв во мозокот. Зголемениот проток на крв во мозокот значи повеќе кислород и хранливи материи до мозочните клетки што резултира со подобро памтење и поголема концентрација.

  1. Зголемен крвен притисок

Потребни ќе ви бидат само неколку недели трчање за да го намалите крвниот притисок. Аеробните активности како трчање, пешачење, возење велосипед и сл. имаат многу голем ефект во намалување на крвниот притисок.

  1. Целулит

Аеробните вежби се најделотворни во борбата против целулитот. Трчањето ќе ви помогне полесно да го стопите масното ткиво и да се ослободите од најголемиот женски “непријател”.

Бонус совет: Пилинг за целулит.

  1. Депресија

Трчањето помага за подобрување на целокупното ментално здравје. Ќе имате подобро расположение поради хормонот на среќа кој се лажи за време на вежбањето, но и неколку часа после тоа. Сето тоа успешно помага за намалување и лечење на депресија. Исто така кога ќе забележите промени на своето тело, ќе имате многу поголема самодоверба што е клучно за стабилно ментално здравје.

  1. Остеопороза

Трчањето ги зајакнува коските во долниот дел од телото. Тоа е поради притисок што се создава и телото реагира со зголемување на коскената густина, па така коските стануваат појаки.

  1. Апетит

Во прв момент можеби ќе имате зголемена потреба за храна затоа што ќе согорувате повеќе калории. Но, сепак вежбањето и трчањето го регулираат шеќерот во крвта така што после одреден период ќе забележите дека ќе ви исчезнат оние напади за грицки и благо кои ги имавте постојано.

Можеби ќе ве интересира:

Најдобри напитоци за детоксикација и намалување на апетитот

  1. Спиење

Трчањето ќе ви помогне да имате поквалитетен и поцврст сон и тоа особено доколку трчате на отворено.

Внимавајте да не трчате во доцните часови затоа што физичката активност предизвикува еуфорија и тоа може да ви го попречи заспивањето. Физичката активност треба да биде минимум 3 до 4 часа пред да одите во кревет.

Можеби ќе ве интересира:

Неочекувани придобивки од вежбањето 

Дали ги правите овие 5 грешки пред трчање?

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *