Зошто да вежбате Аеробик?

Без разлика на годините, тежината и градбата на телото аеробикот како активност е добар за секого. Еве зошто….

Континуираните кардио активности како пешачење, возење велосипед, пливање, трчање, вежбање аеробик или било какви вежби кои го забрзуваат срцевиот ритам го продолжуваат животниот век и не прават поздрави.

Како нашето тело реагира на ваквиот тип на физичка активност?

При аеробните активности доаѓа до движење на големите мускулни групи на рацете, нозете и колковите. Како резултат на брзите движења доаѓа до зголемен доток на крв во мускулите, се со цел да се донесе повеќе кислород до нив и да се ослободи повеќе енергија.  Активноста на белите дробови се зголемува и дишењето се продлабочува за да се обезбеди што е можно повеќе кислород кој е неопходен за клеточното дишење и ослободување на енергија. Срцето започнува да пумпа многу побрзо, што доведува до зголемен доток на крв во мускулите. Зголеменото клеточно дишење овозможено од кислородот не е доволно за да обезбеди енергија и затоа доаѓа до активација на анаеробнен процес на ослободување на енергија кој се одвива без кислород така што се ослободува и млечна киселина од која наредниот ден се јавува “слатка” болка во мускулите. Зголемениот крвен проток исто така овозможува транспорт и елиминација на штетните материи од телото како што е ослободениот јаглерод диоксид и веќе споменатата млечна киселина.

Дополнително при физичка активност доаѓа до ослободување на ендорфини кои предизвикуваат подобрување на расположението.

Аеробикот како кардио активност е забавен начин на трошење на негативната енергија и вишокот калории внесени во телото, за сметка на зголемување на позитивно чувство и полнење на телото со многу позитивна енергија. Аеробикот е забавен начин на вежбање затоа што се вбројува во групните фитнес активности кои имаат поголем мотивирачки ефект врз вежбачите затоа што се вежба во поголеми групи и енергијата во таков случај се зголемува повеќекратно. Дополнително музиката на која се изведуваат движењата го поткрева расположението и ја зголемува мотивацијата.

 7 причини зошто да вежбате аеробик:

  • слабеење – во комбинацијата со здрав начин на исхрана, аеробикот може многу да помогне во намалување на килограмите.
  • зголемување на имунитетот – честите вирусни и бактериски инфекции многу лесно ќе ги надминете како резултат на зголемената активност на имуниот систем предизвикана од физичката активност.
  • намалување на ризикот од развој на срцеви заболувања, висок крвен притисок, дијабетес и остеопороза
  • намалување на триглицеридите и холестеролот – аеробните активности ги чистат артериите и го намалуваат таложењето на мастите по нивните ѕидови преку зголемување на HDL “добриот” холестерол, а намалување на LDL “лошиот” холестерол.
  • здраво срце – за да биде срцето здраво не треба да пумпа крв брзо, туку ефикасно, на тој начин се зголемува протокот на крв во сите делови од телото. Срцето на спортистите многу повеќе се полни со крв и многу поголема количина на крв се испумпува при едно отчукување. Затоа доколку одредено време се занимавате со физичка активност ќе почувствуваат дека пулсот во мирување ви се намалува, што дополнително го намалува ризикот од развој на аритмии и тахикардии.
  • подобро расположение – ризикот од развој на анксиозност и депресија се минимизираат.
  • подолг живот – многу студии покажуваат дека луѓето кои се занимаваат со одредена физичка активност живеат подолго и поквалитетно споредено со луѓе кои водат неактивен живот.

Никогаш не е доцна за нов почеток, направете си го животот полесен и поубав внесувајќи во него одредени промени. Започнете да се занимавате со некоја физичка активност и веднаш ќе ги почувствувате ефектите.


Доколку сето тоа ви звучи примамливо и сакате на своја кожа да ги почувствувате придобивките од аеробикот тогаш започнете со тренинзи што поскоро.

Ограничување во возраста нема!

Нашето студио за Пилатес и Аеробик – FitLife Fitness Studio во моментот врши уписи и ги оформува аеробик групите за новата сезона 2018/19.

Лоцирани сме на ул. Невена Георгиева Дуња бр. 1, Кисела Вода (Стара Рампа, веднаш позади казиното, во истиот објект има и Златна Копачка).

Соединувајќи вежби за мобилност, сила, флексибилност и кондиција креираме часови наменети за секого.

Кај нас ќе го најдете тоа што ви е потребно и што е најважно мотивација која нема да дозволи лесно да се откажете!

Кај нас можете да вежбате Степ Аеробик, Енерџи Аеробик и Микс Аеробик.

Совршена комбинација на три различни кондициони часа во текот на неделата. За време на вежбањето ќе ви биде забавно и нема ни да почувствувате кога поминале 60 минути.

Изберете ја групата која најмногу ви одговара и резервирајте си што поскоро место на телефон 071 273 982.

  • понеделник/среда/петок – 18.00 до 19.00 часот 
  • вторник/четврток/недела – 20.00 до 21.00 часот

Доколку сакате да ја почувствувате и видите атмосферата на нашите часови погледнете го видеото од минатата сезона во продолжение, а повеќе за нас прочитајте на линкот – FitLife Fitness Studio – локација Кисела Вода.

facebook група: Аеробик и Пилатес – FitLife Fitness Studio

facebook страна: fitlife.com.mk 

Ве очекуваме!

Фото: Vrzalski Photography

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *