Зошто да вежбате во последниот триместар од бременоста?

Вежбањето и физичката активност во бременоста имаат многу придобивки и за мајката и за самото бебе.

Нормално, пред да одлучите да бидете активни додека сте бремени, консултирајте се со својот доктор. Доколку имате нормална бременост, без никакви компликации и пред бременоста сте биле физички активни, нема никаква причина зошто да не бидете.

Вежбањето во бременоста го намалува ризикот од појава на гестациски дијабет, помага да ја држите тежината под контрола, ја зголемува енергијата и ви помага многу полесно да се справите со новата состојба, исто така вежбањето во бременоста го подобрува сонот и секако го олеснува породувањето.

Можеби ќе ве интересира: Нега на кожата во бременоста – спречете ја појавата на стрии

Едно ново истражување во кое учествувале 826 мајки и нивните бебиња, дошло до резултати дека вежбањето особено после 29 недела има значајни придобивки за растот и развојот на самото бебе. Мајките кои учествувале во истражувањето и кои биле активни и вежбале во последниот триместар од бременоста родиле деца со помал процент на масти, споредно со мајките кои не вежбале (станува збор за 41.1 g масно ткиво помалку).

Вежбањето во текот на бременоста ја контролира и намалува концентрацијата на шеќер и масти во крвта што овозможува пооптимален рас и развој на бебето.

Кај мајките кај кои се развива гестациски дијабет во бременоста постои ризик бебето да трупа голем процент на масти и таквите бебиња се раѓаат со голема родилна тежина, а сепак не доволно развиени.

Дури и да не сте биле никогаш активни, а имате нормална бременост започнете од негде. Не мора да правите агресивни вежби кои ќе ви бидат напорни. Едноставно, движете се и пешачете што е можно повеќе.

Третиот триместар е период кога бебето е веќе целосно издиференцирано и настанува само раст и трупање на масно ткиво кое секако дека е многу важно пред се за терморегулација.

Можеби ќе ве интересира: Едноставни совети за здрава бременост

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *