Зошто е важно истегнувањето? Дали само луѓето кои тренираат треба да се истегнуваат?

Споделете со пријателите

Не е доволно да имате само цврсти и ‘големи’ мускули. Кога е во прашање физичкиот перформанс, мора секогаш да имаме во предвид дека флексибилноста игра многу голема улога за нашето физичко здравје.

Многу луѓе мислат дека истегнувањето е само за оние кои вежбаат, за оние кои трчаат, но во суштина на сите ни е неопходно истегнување, без разлика дали и колку сме физички активни, истегнувањето е неопходно за да ја одржиме мобилноста на нашиот мускуло-скелетен систем. Едноставно истегнувањето треба да биде секојдневна рутина за секој, и тоа само 5 минути во денот, после будење или навечер пред спиење (ако можете и наутро и навечер секако е најдобро).

Зошто е важно истегнувањето?

Редовното истегнување ги чува нашите мускулни флексибилни, силни и здрави, а на сите ни се потребни такви мускули кои ќе можат да ги издржат сите наши движења и ќе им овозможат на зглобовите широк опсег на ротации и позиции во сите агли.

Доколку не практикувате да се истегнувате мускулите се скратуваат и стануваат затегнати и “крути”. И во случај да започнете да вежбате тие не се спремни и едноставно не можат да го издржат напорот па затоа и се јавуваат болки во зглобовите и потешкотии со изведување на некои вежби.

Редовното истегнување ги прави мускулите долги, силни и флексибилни што значи дека физиката активност па макар и подолго пешачење нема да предизвика напор и да ги оптерети мускулите и зглобовите. Регуларното истегнување исто така може да ви помогне и да имате подобар баланс и рамнотежа врз телото.

Нашето тело содржи 639 мускули, но кога мислиме на истегнување сигурно не мислиме да ги истегнете сите тие мускули 😊

За да почувствувате бенефит доволно е да ги истегнете само критичните точки во телото, а тоа се пред се мускулите на нозете односно мускулите на потколеницата, мускулите на задната ложа, делот околу колковите, рамењата, грбот и вратот.

Кумулативен ефект на истегнувањето  

Не очекувајте дека после 2-3 дена ќе постигнете резултати и ќе бидете супер флексибилни. За мускулите да ја добијат својата еластичност е потребно време, односно континуирано истегнување повеќе месеци.

Едноставно истегнувањето треба да ви стане дневна рутина вклопена во вашите секојдневни обврски.

Фотографии: Емилија Маневска


На нашите пилатес и аеробик часови истегнувањето е составен дел од буквално секој час, без разлика дали се работи за аеробик или пилатес.

Тоа е нешто на што обрнуваме навистина големо внимание затоа што знаеме колку е важно.

Дознајте повеќе за нашето студио, погледнете го распордот на тренинзи, локации и цени – FITLIFE Studio – специјализирано студио за аеробик и пилатес.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *