Повеќе или помалку сите стануваме свесни за важноста на здравата исхрана кога е во прашање здравјето. Многу болести за кои порано луѓето и не знаеле постојат денес и тоа се почесто и почесто.
Сведоци сме дека малигните заболувања станаа секојдневие и што е најлошо од се не ја зафаќаат само возрасната популација туку и децата.
За разлика од порано денес имаме многу фактори кои негативно влијаат на нашето здравје. Порано луѓето немале ни телефони, ни интернет ни телевизори, зрачењето било сведено на минимум. Сите се хранеле со храна која сами си ја произведувале. Работеле постојано на нивите или во своите градини и најголем дел од времето биле физички активни.
Каде сме ние денес?
Имаме загаден воздух и животна средина во која имаме зрачења од сите страни. Никој од нас вклучувајќи се и себе си не може да си го замисли денот без својот мобилен телефон, па дури и кога спиеме го ставаме веднаш до перницата затоа што мора да не разбуди следното утро.
Јадеме храна која не знаеме ни каде, ни како е произведена, седиме постојано пред компјутерите затоа што повеќето работни позиции едноставно се такви и бараат 8 часа во денот да ги поминуваме во седење… и на крајот од денот немаме време сами да си направиме здрав оброк, немаме време за прошетка во најблиското паркче и немам време за било каква физичка активност.
Епа сето тоа мораме некако да го платиме…
Што можеме да промениме?
Кога е во прашање здравиот начин на живот постојат одредени фактори од средината кои тешко можеме да ги смениме, зрачењето е тука, околу нас и во врска со тоа можеме многу малку да направиме…но, во врска со исхраната и физичката активност можеме многу.
Да започнеме од негде.
Храната е нешто без што не можеме, гориво за нашето опстојување и извршување на нашите секојдневни активности.
Брзиот начин на живот многу често не ни дозволува да се храниме здраво и многу често луѓето во брзање знаат да изедат било што само да внесат калории во организмот. Но, нашето тело кога е гладно не бара само калории, тоа бара нутритиенти и хранливи состојки кои се неопходни за правилно функционирање на сите органски системи.
Свежото овошје и зеленчук содржат многу различни витамини и минерали кои се неопходни за правилно функционирање, многу од тие витамини нашето тело нема способност да ги синтетизира, па доколку не се внесат со исхраната може да дојде до појава на одредени заболувања.
Исто така квалитетните протеини кои ги содржат сите есенцијални аминокиселини се неопходни за оптимално здравје, здравите масти се тие кои го штитат нашиот кардиоваскуларен систем.
Најголем “непријател” на здравјето се рафинираните шеќери, простите јаглехидрати и заситените масти кои за жал ги има во скоро сите готови намирници, во слатките, чоколадите, чипсовите, во брзата храна која многу често ни е прв избор затоа што немаме време за готвење или па за нешто поздраво.
И можеби навистина е тешко да се стави баланс помеѓу се во животот….здрава исхрана, семејство, маж, деца, работа, физичка активност, но со добар план, упорност и посветеност тоа може лесно да се постигне.
Што јадете кога сте на работа?
Некои фирми имаат сопствени кујни и на своите вработени секојдневно им подготвуваат топли домашни оброци, но таквите фирми кај нас се бројат на прсти и за жал повеќето вработени мораат сами да си се снаоѓаат во врска со оброкот на работа.
Во брзање, најчесто тоа е бурек, некое пециво, хамбургер, сендвич или пак пица.
Но, дали знаете дека исто толку време и пари ќе потрошите и доколку купите некој здрав оброк?
Нездравата и брза храна воопшто не е евтина, и можеби да за здрав оброк ќе треба да платите 10-20 денари плус, но дали здравјето има цена?
Многу е мал бројот на оние кои имаат време и успеваат оброците да си ги подготвуваат сами и секој ден да си носат со себе на работа вкусен и здрав оброк.
За среќа бројот на локали кои нудат здрава храна е се поголем така што лесно е во близина на работното место да најдете таков локал и да го направите првиот чекор за вашето здравје – да започнете да се храните здраво.
Во врска со начинот на исхрана и оброците кои ги косумирате во текот на денот подготвивме кратка анкета од 9 прашања. Многу ќе ни значи доколку искрено ни одговорите на овие прашања кои ќе ви одземат само 1-2 минути.
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.