Зошто Пилатес?

Дали сте во потрга по активност која ќе ви го раздвижи цело тело, ќе ве направи да се чувствувате убаво и ќе ви помогне за губење на тие неколку килограми плус, што ве мачат со месеци?

Тоа што го барате е дефинитивно Пилатес!!!

Зошто Пилатес? Што го прави Пилатесот супериорен споредено со други типови на тренинзи?

Пилатесот е активност која подеднакво го активира и телото и умот. После добар час пилатес ќе се чувствувате исполнети и среќни, полни со енергија и ентузијазам и со нетрпение ќе го очекувате следниот час.

Зошто да изберете Пилатес, кој се придобивките од редовното практикување на ваков тип на тренинг?

Пилатесот е физичка активност која ги активира сите мускули во телото споредено со други типови на тренинг кои се фокусираат само на одредени мускулни групи или пак се чисти кардио тренинзи. Пилатесот е активност која ги раздвижува и активира сите мускули во телото, дури и оние најмали мускулчиња кои не ни знаеме дека постојат. Вежбите во пилатесот се конципирани така што постепено се постигнува активација на целото тело што ја забрзува циркулацијата и го подобрува дотокот на крв во сите органи. Тоа предизвикува забрзана елиминација на токсини од телото, чувство на леснотија, зголемена енергија и уште милион други придобивки кои се резултат на целокупното раздвижување на телото кое ретко се постигнува со друга активност.

Пилатесот задолжително вклучува вежби за истегнување и подобрување на флексибилноста на телото што придонесува зајакнување на целокупниот мускуло-скелетен систем. Проблемите со болки во грбот кои се најзастапени меѓу популацијата успешно можете да ги елиминирате доколку редовно практикувате пилатес.

Најголем дел од луѓето работат седечка работа што подразбира 8 часа постојано седење, тоа е една од главните причини за зголемување на тежината, проблеми со циркулација, болки во грбот, проблеми со спиењето, зголемен стрес  и појава на метаболички синдром кој сериозно може да го наруши целокупното здравје.

Што претставува метаболички синдром?

Физичката активност е задолжителна доколку се грижите за своето здравје. Без разлика колку години имате, никогаш не е доцна да започнете. Позитивните ефекти ќе ги почувствувате брзо и токму тие ќе ви бидат мотивација и поттик да не се откажете лесно. На почеток се додека да ја креирате навиката за вежбање можеби ќе ви биде тешко, но потоа сето тоа станува рутина и составен дел од вашето секојдневие без кој денот не е ист.

Ако сте од оние кај кои изговорот “немам време” е најголемата пречка за започнување со физичка активност, тогаш престанете да се лажете себе си. Имате време 3 пати во неделата по 1 час, сите имаме, треба само добра организација на активностите. Благодетот и позитивните ефекти кои ги носи вежбањето се многу посилни од изговорите, но треба време за да го сфатите тоа.

Доброто расположение, позитивите мисли и убавото чувство на леснотија ќе ве направат попродуктивни и многу полесно и побрзо ќе ги завршувате домашните обврски, а доколку учите многу полесно ќе се концентрирате и ќе имате подобра меморија.

Вежбањето ќе ве направи подобра и посреќна мајка, подобра сопруга и личност која ќе шири позитивна енергија.

Вреди да инвестирате дел од вашето скапоцено време затоа што позитивните ефекти се огромни.


Нашето студио FitLife Fitness Studio е специјализирано студио за Аеробик и Пилатес, лоцирани сме на две локации во Скопје и тоа: Кисела Вода и Козле.

Соединувајќи вежби за мобилност, сила, флексибилност и кондиција креираме часови наменети за секого.

Кај нас ќе го најдете тоа што ви е потребно и што е најважно мотивација која нема да дозволи лесно да се откажете!

Изберете ја групата која најмногу ви одговара и резервирајте си што поскоро место на телефон 071 273 982 или на 077 766 950.

Термини во Кисела Вода:

  • Low Impact Pilates (mat, ball и cardio) – вторник/четврток/ сабота од 18.00 часот
  • Power Pilates (mat, ball и cardio) – понеделник/среда/петок од 19.00 часот
  • Аеробик (step, energy и mix) – понеделник/среда/петок од 18.00 часот и вторник/четврток од 20.00 часот и сабота од 19.00 часот.
  • AfterWork Pilates – вторник/четврток од 17.00 часот
  • Утрински Пилатес (mat, ball и mix) – понеделник/среда/сабота од 09.00 часот

Термини во Козле:

  • Low Impact Pilates (mat, ball и cardio) – понеделник/среда/петок од 20.30 часот
  • Power Pilats (mat, ball и cardio) – понеделник/среда/петок од 20.30 часот
  • Аеробик (step, energy и mix) – вторник и четврток од 20.30 часот и недела од 18.00 и 19.00 часот.
  • Mix Pilates – вторник/четврток од 18.00 часот
  • Утрински Пилатес (mat, ball и mix) – вторник/четврток од 09.00 часот и недела од 10.00

Доколку сакате да ја почувствувате и видите атмосферата на нашите часови погледнете го видеото во продолжение, а повеќе за нас прочитајте на линковите подолу:

FitLife Studio 1 – Кисела Вода

FitLife Studio 2 – Козле

https://www.instagram.com/p/Bp6dFjHnL00/

facebook група: Аеробик и Пилатес – FitLife Fitness Studio

facebook страна: fitlife.com.mk 

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *