За FitLife

FITLIFE е вашиот водич за поздрав и поубав живот.

Овде ќе најдете многу здрави рецепти и оброци кои се подготвуваат лесно и брзо. Ќе добиете безброј совети за здрава исхрана, за вежбање, слабеење и убавина.

FITLIFE е многу повеќе од само виртуелна платформа, ние покрај тоа што несебично споделуваме многу совети, имаме и специјализирано студио за Аеробик, Пилатес и Јога во Скопје.

Студиото функционира успешно од септември 2017-та година. Бројот на задоволни и редовни клиенти ни е доказ за нашата посветена и успешна работа.

Како главен уредник и автор на овој сајт, целта ми е да го пренесам моето искуството и знаењето од областа на здравата исхрана, вежбањето, природната козметика и фитотерапијата.

Моето медицинско образование и долгогодишно искуство како тренер на групни фитнес активности одлично се вклопува во овој концепт.

Сите статии, совети, рецепти и искуства се поткрепени со научна основа. Рецептите кои ќе ги најдете тука се рецепти кои првин се пробани во мојата кујна.

Како магистер по фармација и диететика свесна сум за важноста на здравата исхраната и вежбањето во квалитетот на живот кој го имаме. Превенцијата и третманот на многу болести зависат во голема мера од храната која ја внесуваме.

Дебелината, дијабетесот, кардиоваскуларните заболувања и канцерот се глобални здравствени проблеми на 21-виот век. Храната и вежбањето можат да помогнат во превенција и да бидат поткрепа во третманот на овие заболувања.

Здравата исхрана и физичката активност не го зајакнуваат телото само физички, тие се вистинската “таблеткa” за подобро ментално здравје.

Вежбајте и хранете се здраво за да бидете поуспешни луѓе, затоа што само така ќе имате доволно енергија да ги совладате сите предизвици кои ги нуди животот.

Практикувајте ги нашите совети и грижете за своето здравје, а ние ќе продолжиме да Ве мотивираме и секојдневно да Ви даваме идеи и совети за здрав и исполнет живот.

Доколку имате потреба од индивидуални совети или план за исхрана слободно обратете се на мојот mail: mladenovska.dragana@gmail.com

Драгана Младеновска

Магистер по фармација и Диететика, Аеробик и Пилатес инструктор, Сопственик на FITLIFE студио, главен уредник и автор на fitlife.com.mk