Чиа пудинг од јагода

Споделете со пријателите

Знам дека не е време на јагоди, но замрзнати можете да купите од било кој маркет кога и да посакате. Досега секогаш кога подготвував чиа пудинг го правев во чоколадна варијанта со какао, но денес се решив за овошен и освежувачки вкус….финалниот производ беше вкусен и ароматичен здрав десерт 🙂

Потребни состојки:

  • 5-6 замрзнати јагоди
  • ½ банана (изберете зрела затоа што зрелите банани се поблаги)
  • 100-150 ml вода
  • 1 лажичка мед
  • 2 супени лажици чиа семе

Начин на подготовка:

Првин во блендер ставете ги јагодите, бананата, водата и медот и убаво изблендирајте. Чиа семето ставете го во соодветен сад во кој планирате да го правите пудингот. Jас го направив во мала стаклена тегличка. Потоа во садот полека додавајте ја течна смеса од банана и јагоди и полека мешајте. Затворете ја теличката или поклопете го садот и оставете го во фрижидер околу 2 часа.

Комбинацијата на банана и јагоди е одлична…вкусот е толку ароматичен што нема да можете да му одолеете.

А зошто да јадете чиа семе?

Затоа што чиа семето содржи:

  • 8 пати повеќе омега-3 масни киселини од лосос
  • 30% повеќе антиоксиданси од капините
  • 25% повеќе влакна од лененото семе и
  • 5 пати повеќе калциум од млекото.

На здравје!

Можеби ќе ве интересира: Чоколаден чиа пудинг.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *