ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НОВАТА СЕЗОНА!

Споделете со пријателите

Драги вежбачи,

Ве известуваме дека од 1-ви септември салата од Козле ја префрламе во Аеробик салата во спортскиот центар Борис Трајковски.

Се работи за поголема сала која ќе ни овозможи поубаво и поудобно вежбање. Мислам дека нема да ви биде проблем локациски затоа што е во близина на претходната локација. На располагање знаете дека таму има паркинг колку сакаме.

Со одржување на часови во салите ќе започнеме од 1-ви септември.

За одржување на часови на локацијата во Ново Лисиче во ОУ Лазо Ангеловски ќе ве известиме дополнително, тие кои имате уплатено можете да ја искористите членарината на некоја од другите локации или да не контактирате за да ви ги рефундираме парите додека се реши состојбата таму.

За ЈОГАТА исто така ќе ве известиме дополнително.

Сите кои имавте останата членарина за искористување ви важи и ќе можете да го искористите остатокот од парите сега.

За сите имаме извадено списоци и знаеме точно колкав дел од членарината ви е неискористен.

Појаснување:

Заради наша и ваша безбедност се додека не се нормализира состојбата нема да постои опцијата за мешање на групите.

Можете да изберете група со 2 или 3 часа неделно Аеробик или Пилатес во зададениот термин.

Доколку сакате да вежбате повеќе од 3 пати неделно, односно 5 или 6 пати можете да изберете 2 групи. Цената за 5 часа неделно (3+2) е 1700 денари, а за 6 часа неделно или (3+3) е 1900 денари.

На новата локација во Борис Трајковски за почеток ќе имаме само две групи односно една група Пилатес со 3 часа неделно и една група Аеробик со 3 часа неделно, нема да постои опцијата за 2 часа неделно.

Цената за месечна членарина за три часа неделно е истата од погоре и изнесува 1200 денари.

Доколку некој сака може да се комбинира и сала со онлајн, за оваа опција се доплаќаат само 400 денари плус, но добивте дополнителни 4 часа неделно.

Пример: можете да вежбате 2 часа неделно во сала и 4 часа онлајн или 6 часа неделно за 1400 денари или пак 3 часа во сала и 4 часа онлајн за 1600 денари.

Опцијата онлајн останува за сите кои сакаат да си вежбаат од дома, цената за еден месец со вклучени 4 часа неделно изнесува 800 денари.

Заради безбедност на сите нас, строго ќе се држиме до предвидените протоколи за работа.

  • на влезот во студиото вршиме дезинфекција на рацете и безконтактно мерење на температурата;
  • секој мора да си го почитува резервираниот термин, сега за сега нема да ја има опцијата за мешање на групите;
  • секој си носи своја сопствена простирка (простирките кои ги имаме во студиото сега за сега нема да ги користиме заради безбедност);
  • секој вежба на означените полиња и се трудиме сите да одржуваме дистанца, нема групирање, гушкање и слично;
  • гардеробите ги користиме само доколку мораме (ќе ставиме столчиња на растојание за да можете да си ги оставите стварите)
  • секој вежба со чиста опрема и ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЧИСТИ ПАТИКИ;
  • гелови за дезинфекција ќе има достапно на неколку места во салата, а исто така и распраскувачи со антибактериски спреј за да може да се дезинфицира опремата доколку некој пред вас ја користел (тегови, степери, топки, ластици);
  • сите мораме совесно да ги почитуваме правилата и мерките за да се заштитиме и себе си, но и сите околу нас.

Побрзајте и резервирајте си место затоа што групите ќе бидат мали и бројот на вежбачи ограничен.

Контактирајте не на: 071 273 982.

Доколку се исполни капацитетот на овие групи и има интерес ќе отвориме и нови термини.

Ми недостасувате сите и целата таа енергија од сала, до скоро видување 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *