Аеробик

Високо ефективен аеробен тренинг за намалување на масното ткиво и подобрување на кондицијата и координацијата во ритам. Аеробикот како кардио активност ќе ви помогне во ослободување од стресот и негативната енергија и ќе ве направи да се чувствувате посреќни и поисполнети. Бидејќи со аеробик ќе согорите околу 600-700 калории за еден час, ефективно ќе ви помогне и доколку сакате да намалите килограми.

Енерџи Аеробик

Овој тип на аеробик опфаќа вежби со повисок интензитет кои се изедуваат со сопствената тежина. Вежбите се кондициони и ритмички и имаат за цел да ја подобрат кондицијата, но и ефикасно да ви помогнат во согорување на повеќе калории. Овој тип на тренинг исто така ќе ви помогне и за ослободување од стресот и негативната енергија.

Потрошени калории за еден тренинг

Степ Аеробик

Овој тип на аеробик опфаќа вежби со повисок интензитет кои се изведуваат со помош на степер. Овој тренинг е фокусиран пред се на зацврстување на нозете и задникот и особено е ефикасен за слабеење и зголемување на кондицијата. Вежбите се изведуваат на ритмична и мотивирачка музика која дополнително ќе ви го подобри расположението, но и ќе ви создаде чувство на еуфорија и среќа.

Потрошени калории за еден тренинг

Микс Аеробик

Oвој тип на аеробик опфаќа високо ефективни аеробни вежби кои се комбинација од аеробни ритмични вежби и вежби за зацврстување и тонирање на телото. Во текот на часот користиме различни реквизити кои го зголемуваат отпорот и ја подобруваат ефикансоста на избедување на вежбите. Овој тип на тренинг претставува совршен спој од аеробик и пилатес движења во еден час.

Потрошени калории за еден тренинг 

Термини

Кисела Вода:

вторник и четврток  од 19:15 до 20:15 ч 

понеделник/среда од 17.45 до 18.45 ч

Спортски Центар Борис Трајковски:

понеделник/среда/петок од 20:00 до 21:00 ч

понеделник/вторник од 18.00 ч

контакт

071 273 982 / 071 226 354

en_USEnglish
en_USEnglish