FITLIFE FITNESS STUDIO

FITLIFE FITNESS STUDIO е аеробик и пилатес клуб специјализиран за групни фитнес активности, основан во 2017-та година.
За да бидеме поблиску до вас, лоцирани сме на две локации во Скопје:
Кисела Вода (веднаш до Стара Рампа) и Спортски Центар Борис Трајковски (Карпош 3).

Нашата мисија е да им помогнеме на нашите клиенти да го сменат својот начин на живот и физичката активност да ја направат свое секојдневие.
Кај нас нема да добиете само обичен тренинг, туку и мотивација и многу стручни совети поврзани со исхраната. На нашиот сајт можете да најдете многу корисни совети за здрава исхрана, фитнес и убавина, но и многу здрави и лесни рецепти.

За да бидете во тек со сите наши новости следете не и на инстаграм @dragana_fitlife

Без разлика која е вашата цел, да ослабете и да изгледате подобро, да имате повеќе енергија или пак да се чувствувате добро после напорниот ден, ние сме тука за Вас.

Вежбањето ќе Ве направи помотивирани, поисполнети и поведри.
Направете го вистинскиот чекор и веднаш резервирајте си место во некоја од нашите групи.
Контактирајте не на 071 273 982 или на 071 226 354 и дозволете ни да правилно да Ве водиме во промената на вашиот животен стил.

Ваш FITLIFE TEAM

Вежбајте Пилатес и Аеробик

aеробик

Високо ефективен аеробен тренинг за намалување на масното ткиво и подобрување на кондицијата и координацијата во ритам. Аеробикот како кардио активност ќе ви помогне во ослободување од стресот и негативната енергија и ќе ве направи да се чувствувате посреќни и поисполнети.

пилатес

Вежбите во овој тип на часови ги активираат сите мускулни групи. Со континуирано вежбање Пилатес ќе ги затегнете и тонирате мускулите, ќе ја зголемите флексибилноста и ќе го намалите масното ткиво.

утрински пилатес

Најдобар и најефикасен начин за да го разбудите телото е утринскиот тренинг. Вежбањето наутро на гладно имa најсилен ефект врз топење на масното ткиво.

онлајн Пилатес микс 💻

Часовите се спој од аеробик/кардио вежби и пилатес движења, се работи цело тело и секој час е различен.

онлајн Пилатес за трудници 💻

Овој тип на часови се специфично наменети за трудници со модифицирани вежби кои се прилагодени за состојбата. Движењата и вежбите се безбедни да се изведуваат во бременост доколку мајката има нормална бременост.

онлајн јога 💻

Хата Јога е најраспространет вид на Јога во западниот свет, па така и кај нас. Овој вид на Јога овозможува рамнотежа, баланс, хармонизација на позитивната и негативната енергија со која е исполнето се на нашата планета. Изведувањето на Асаните предизвикува длабоко физиолошко дејство врз мускулите, лигаментите и зглобовите…

Локација Кисела Вода

ул. Невена Ѓеоргиева Дуња бр. 1

Локација Спортски Центар Борис Трајковски

Булевар 8ми Септември бр. 13

(влезот е позади кај кугланата и лизгалиштето)

en_USEnglish
en_USEnglish