Десертот не треба да биде забранет дури и кога внимавате на својата линија и држите диета. Сѐ што треба да направите е да бидете умни во изборот на десерт. Еве го нашиот предлог за здрав десерт. Уживајте во вкусен сладолед без грижа на совест.
Потребни ќе ви бидат:
- 4 излупени замрзнати банани, исечкани на парчиња
- 1 лажица мелен цимет
- 2 лажици млеко од бадеми
- 1 лажица путер од кикирики
- 1 лажица рендано црно чоколадо
- 1 лажица кршени бадеми
Начин на подготовка:
Ставете ги замрзнатите банани заедно со млекото од бадеми во блендер. Блендирајте додека не добиете еднолична смеса. Додадете го путерот од кикирики и циметот и повторно блендирајте.
Смесата ставете ја во сад за замрзнување и оставете ја во фрижидер еден час.
Откако ќе го извадите од фрижидер, послужете го овој сладолед со парчињата рендана чоколада и кршени бадеми.
Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.