Возењето велосипед станува сѐ попопуларно кај нас, но и во светски рамки. Одлична активност која не само што придонесува за добро здравје, туку е одлично превозно средство за исполнување на секојдневните обврски.
Зошто велосипедот треба да го користите почесто?
1. Одличен е за вашето физичко и психичко здравје
Возењето велосипед е исклучително пријатна активност која влијае врз целокупниот организам на човекот. Пред сѐ, го зголемува капацитетот на белите дробови и ја подобрува циркулацијата на крвта до сите органи во телото. Луѓето кои редовно возат велосипед имаат понизок ризик од развој на кардиоваскуларни болести. Но, внимавајте премногу долгото возење на велосипед може да создаде проблеми во вашата половина. Ако сакате да чувствувате само позитивни ефекти од возењето велосипед, експертите препорачуваат да изберете соодветно седиште за вашиот велосипед и да не поминувате повеќе од 50 минути возење во еден здив.
А која врската меѓу возењето велосипед и психичкото здравје? Возењето велосипед е одлично за намалување на стресот и за ослободување на умот од негативни мисли, особено поради што прави вашиот мозок да се фокусира на самиот процес на возење велосипед и со тоа ги оттргнува мислите од секојдневните грижи.
2. Авантури со велосипед
Возењето велосипед е создава позитивна зависност. Ако веќе сте пробале да возите велосипед, веројатно тешко ви е да го замислите вашето секојдневие без двете тркала. Не постои подобра активност која ќе ве однесе во нови авантура како возењето на велосипед. Ако возите рекреативно, сигурно често пати знаете да истражувате нови места во и околу градот кои ќе ви ги отворат хоризонтите.

3. Помага во заштедата на време и пари
Одлуката велосипедот да биде ваше примарно средство за транспорт ќе ви помогне да заштедите и време и пари. Ако ве нервираат гужвите во сообраќајот, тогаш велосипедот е одлично решение како да стигнете до одредено место за кратко време. Ќе заборавите и на трошоците поврзани со автомобилите или градскиот превоз, што сигурно позитивно ќе влијае врз вашите месечни трошоци.
4. Грижа за животната средина
Загадувањето е еден од најсериозните проблеми со кои се соочува современиот свет. За да ја заштитиме средината во која живееме значи дека секој од нас треба да тргне од самиот себе и да се погрижи за намалување на сите активности кои доведуваат до нејзино загадување. Возењето велосипед е еден многу ефикасен начин како да се намали загадувањето во воздухот. Затоа да се погрижиме дека секој од нас придонесува за чиста животна средина преку менување на секојдневните навики- наместо одење на работа со автомобил, започнете да одите на работа со велосипед.
5. Одлична активност за губење килограми
Возењето велосипед е одлична активност за оние кои сакаат да изгубат килограми, а не преферираат активност во затворен простор. Покрај тоа што е одлична кардио вежба, истражувањата покажуваат дека со возење велосипед се согоруваат калории и масти не само за време на возењето, туку и неколку часа потоа. Дури и возењето на велосипед само половина час дневно може да направи телото да согори калории и неколку часови откако ќе завршите со возење.








