Хата Јога

Зборот Јога на Санскритски (древен јазик со кој се служеле Браманите во Индија) значи единство, соединување или интеграција и дисциплина. Но Јогата се дефинира и како наука, философија и стил на живеење.

Холистичкиот пристап што го има во Јогата го нема во ниту еден друг облик, начин или метод на вежбање. Со тој пристап јогата е единствена, уникатна и незаменлива како дисциплина.

Со сите принципи во Јогата, кои се нејзина карактеристика, таа не доближува, не потсетува, па уште повеќе ја развива добрината во нас. Нешто што секој човек го поседува во себе уште од самото раѓање, но од различни причини, кај некого повеќе, кај некого помалку, се загубило или пак со оглед на животните околности сме го потиснале длабоко во нас.

Целта на Јогата, крајната цел, е самореализација а со тоа ослободување. Изреализиран човек е слободен човек, без предрасуди, човек кој може да ги прифати работите баш такви какви што се, човек кој не суди и осудува. Човек ослободен од потиснати фрустрации и негативни мисли!

Хата Јога е најраспространет вид на Јога во западниот свет, па така и кај нас. Овој вид на Јога овозможува рамнотежа, баланс, хармонизација на позитивната и негативната енергија со која е исполнето се на нашата планета. Позитивната енергија или „Ха“ го симболизира машкото зрачење, „Та“ го симболизира женското зрачење. Хата Јогата е всушност рамнотежа на спротивностите – позитивното и негативното, ладно и топло, светло и темнина, активно и пасивно….

Изведувањето на Асаните е само еден од начините да се дојде до крајната цел на Јогата. Во комбинација со Пранајама, Мудри, Банди, човекот не може а да не почувствува комплетно подобрување и на физичката но и на психичката состојба.

Изведувањето на Асаните предизвикува длабоко физиолошко дејство врз мускулите, лигаментите и зглобовите, но исто така има силно влијание врз структурата и дејноста на внатрешните органи. Преку изведувањето на Асаните се поттикнуваат функциите во телото и на грубо – физичко, но и на суптилно ниво. Се врши хармонизирање на жлездите со внатрешно лачење и се воспоставува физичка благосостојба и душевен мир.

Јогата во денешно време не е само тренд. Јогата е потреба на човекот за слободно и лесно функционирање во овој брз начин на живеење. Со помош на научните истражувања кои ги потврдуваат бројните придобивки од практицирање на Јога, таа успеа да го добие вниманието кое што го заслужува.

Научно дoкажани бенефити од практикување Јога има многу, еве само дел од нив:

–       Го намалува стресот;

–       Ослободува од анксиозност;

–       Превенира од инфекции;

–       Подобрува работа на срце;

–       Подобрува квалитет на живеење и расположение;

–       Помага во борба со депресија;

–       Намалува хронична болка (од повреди до артритис);

–       Подобрува квалитет на сон;

–       Подобрува флексибилност и рамнотежа;

–       Може да помогне во подобрување на дишењето и функцијата на белите дробови;

–       Помага при мигренозни главоболки;

–       Подобрува навики при јадење;

–       Зголемува мускулна сила и помага при слабеење односно при одржување на телесната тежина (https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3193654/).

Термини

Кисела Вода:

 понеделник и среда од 17:00 ч

*часовите ги држи лиценциран и сертифициран јога инструктор*

Марина Пешиќ

Цена

 1100 денари месечно (2 часа неделно)

*може да се комбинира со други часови*

2 јога + 1 јогалатес/аеробик/пилатес – 1400 ден

јога и 2 пилатес/аеробик – 1600 ден

 

контакт

071 273 982 / 071 226 354

en_USEnglish
en_USEnglish