Аеробик

Аеробикот е високо ефективен аеробен тренинг за намалување на масното ткиво и подобрување на кондицијата и координацијата во ритам. Аеробикот е кардио активност која ќе ви помогне во ослободување од стресот и негативната енергија и ќе ве направи да се чувствувате посреќни и поисполнети.

Со аеробните вежби ќе го обликувате и зацврстите телото, ќе си ја подобрите кондицијата и ќе се чувствувате поубаво во сопствената кожа.

Во нашето студио аеробик тренинзите се ефикасни, динамични и интересни и со еден час вежбање аеробик ќе согорите околу 600-700 калории. 

Енерџи Аеробик

Овој тип на аеробик опфаќа вежби со повисок интензитет кои се изедуваат со сопствената тежина. Вежбите се кондициони и ритмички и имаат за цел да ја подобрат кондицијата, но и ефикасно да ви помогнат во согорување на повеќе калории. Овој тип на тренинг исто така ќе ви помогне и за ослободување од стресот и негативната енергија.

Потрошени калории за еден тренинг

Степ Аеробик

Овој тип на аеробик опфаќа вежби со повисок интензитет кои се изведуваат со помош на степер. Овој тренинг е фокусиран пред се на зацврстување на нозете и задникот и особено е ефикасен за слабеење и зголемување на кондицијата. Вежбите се изведуваат на ритмична и мотивирачка музика која дополнително ќе ви го подобри расположението, но и ќе ви создаде чувство на еуфорија и среќа.

Потрошени калории за еден тренинг

Микс Аеробик

Oвој тип на аеробик опфаќа високо ефективни аеробни вежби кои се комбинација од аеробни ритмични вежби и вежби за зацврстување и тонирање на телото. Во текот на часот користиме различни реквизити кои го зголемуваат отпорот и ја подобруваат ефикансоста на избедување на вежбите. Овој тип на тренинг претставува совршен спој од аеробик и пилатес движења во еден час.

Потрошени калории за еден тренинг 

Термини

понеделник и среда од 20:10 до 21.10 часот 

петок од 19.05 до 20.05 часот

контакт

071 273 982 / 071 226 354

en_USEnglish
en_USEnglish