Пилатес

Вежбите во овој тип на часови ги активираат сите мускулни групи. 

Со континуирано вежбање Пилатес ќе ги затегнете и тонирате мускулите, ќе си ја зголемите флексибилноста, ќе си ја подобрите подвижноста во зглобовите и ќе го намалите масното ткиво.  

Вежбањето пилатес има најсилен долгорочен ефект во подобрување на здравјето на целокупниот мускуло-скелетен систем затоа што со вежбите кои ги правиме со овој тип на тренинг допираме и до најмалите мускулни групи за кои не сме ни свесни колку голема улога имаат во нашето целокупно здравје.  

Пилатес групите ни се поделени на три нивоа: 

LOW IMPACT PILATES –  група наменета за почетници и за луѓе кои не сакаат напорни тренинзи;

BODY BALANCE PILATES MIX – група со среден интензитет; 

POWER PILATES – напредни пилатес тренинзи. 

Часовите ПИЛАТЕС МИКС кои се дел од групата BODY BALANCE со среден интензитет и од УТРИНСКАТА ГРУПА опфаќаат наизменична ротација на мат пилатес, кардио пилатес, пилатес со топка и пилатес со разни реквизити со кои располагаме (ластици, стапови, еластични ленти, тегови за нозе, мали топки и слично) .

Mat Pilates

Вежби кои го активираат целото тело. Вежбите се изведуваат на мат простирка, а за време на часот дополнително користиме и реквизити како: тегови, ластици за отпор, мали топчиња, степери и слично. Во часот се вклучени вежби за длабоко истегнување и подеднакво тонирање на сите мускулни групи.

Потрошени калории за еден тренинг 

Ball Pilates

Овој пилатес опфаќа вежби кои се изведуваат со голема пилатес топка. Ball pilates е совршен спој од вежби за обликување и истегнување на сите мускули, со посебен акцент на абдоминалниот ѕид и на мускулите на нозете.

Потрошени калории за еден тренинг 

Cardio Pilates

Интезивен тренинг кој е совршен спој од кодициони и вежби за затегнување, истегнување и тонирање. Вежбите се изведуваат на мат простирка, но дополнително користиме и други фитнес реквизити. Овој тип на пилатес ги обликува мускулите на целото тело и ја зголемува кондиционата спремност.

Потрошени калории за еден тренинг 

Термини

 LOW IMPACT PILATES (почетна група)

понеделник/вторник и четврток од 18:00 до 19:00часот

BODY BALANCE PILATES MIX (средно ниво): 

вторник и петок од 20:10 до 21:10 часот 

POWER PILATES (напредна група): 

понеделник и среда од 19:05 до 20:05 часот и четврток од 20:10 до 21:10 часот

MORNING PILATES MIX (средно ниво)

вторник и четврток од 07:30 до 08:30 часот и сабота од 08:00 до 09:00 часот

АFTERWORK PILATES MIX (средно ниво)

вторник и петок од 16:55 до 17:55 часот 

контакт

071 273 982 / 071 226 354

en_USEnglish
en_USEnglish