Онлајн Пилатес Микс

Часовите се спој од аеробик/кардио вежби и пилатес движења, се работи цело тело и секој час е различен.

Што добивате со нашите онлајн тренинзи?

– 4 различни тренинзи неделно;
– база со преку 30 тренинзи од претходните 2 месеци;
– можност да вежбате кога сакате и каде сакате;
– тренинзи кои го активираат целото тело пропорционално;
– комбинација од кардио, вежби за флексибилност и за тонирање;
– БОНУС кратки 35 минутни тренинзи;
– не ви се потребни специфични реквизити (убаво би било доколку имате тегови од 1 или 2 kg, но не ви се неопходни (може да наполните шишиња вода), понекогаш како помошен реквизит користиме работи кои сите ги имаме дома како: стол, крпа, стап од џогер или сукало…).



Часовите ги одржуваме во затворена група на facebook и истите не мора да ги вежбате кога се одржуваат во живо, ги оставаме видеата и можете да вежбате кога и да ви одговара.

Вежбите се најчесто body weight и секој час е различен.
Комбинирајќи вежби за тонирање, сила, флексибилност и кондиција креираме часови кои ќе го извадат максимумот од вас.
Во секој тренинг се трудиме да направиме активацијата на телото во целост и преку интересни комбинации да го раздвижиме максимално.
Бидејќи сме свесни колку е важна флескибилноста и мобилноста на зглобовите и мускулите многу често правиме тренинзи кои се целосно псоветени на флексибилност и мобилност.
Еднаш неделно имаме задолжително кардио тренинг кој има за цел да ве испоти и активира максимално.
Тренинзите траат по 60-минути, но секоја втора сабота тренингот наместо 60 минути е 35 минути. Така во групата има и база од пократки тренинзи кои се одлични за сите кои се во трка со времето и обврските.

Месечната членарина може да се плати на жиро сметка или онлајн.
По уплата веднаш ве додаваме во затворената група на facebook и добивате пристап до сите тренинзи.

Месечната членарина ви важи 1 месец од датумот на уплата, не мора да биде 1-ви за да започнете.
Во просек трошиме по минимум 500 калории секој час.

Термини

понеделник/среда/петок од 18:00-19:00 часот

сабота од 09.00 до 10.00 часот наутро

Цена

1000 денари месечно (4 часа неделно)

ПЛАТИ ОНЛАЈН

*по успешна трансакција добивате линк за вклучување во групата*

контакт

071 273 982 / 071 226 354

en_USEnglish
en_USEnglish