Home Pilates 45+

Pilates 45+

Пилатес 45+

Пилатесот е една од најдобрите физички активности за одржување на здравјето, подвижноста на зглобовите, намалување на болките во грбот, подобрување на белодробниот капацитет и секако одржување на млад и свеж изглед.


Пилатесот како активност бил и креиран со терапевтска цел. Јосеф Пилатес за време на Втората светска војна развил метод на физички вежби со кои им помагал на ранетите војници полесно да закрепнат.  Од тогаш па се до денес, пилатесот се негува и надополнува, а во име на неговиот креатор го носи и името Пилатес.

Доколку спаѓате во групата на луѓе кои долго време не биле физички активни, тогаш пилатесот 45+ е одличен начин да започнете со физичка активност, затоа што движењата во овој тип на часови не се агресивни, туку се специфично прилагодени на групата.

Овој тип на пилатес и покрај тоа што е помалку интензивен, сепак има акцентот на сите мускулни групи подеднакво (стомак, грб, раце, нозе, задник). Со континуирано вежбање ќе си гo подобрите својот фитнес преформанс, ќе ги тонирате и затегнете мускулите, ќе си ја подобрите флексибилност и кондицијата и секако ќе го намалите масното ткиво и ќе се чувствувате многу поенергично и поздраво.

Термини

Кисела Вода:

среда од 17:00 часот и сабота од 10:00 часот.

Цена

1000 денари месечно (2 часа неделно) 

контакт

071 273 982 / 071 226 354