Home Power Pilates v2

Power Pilates v2

Power Mat Pilates

Вежби кои го
активираат целото тело. Вежбите се изведуваат на мат простирка, а за време на
часот дополнително користиме и реквизити како: тегови, ластици за отпор, мали
топчиња, степери и слично. Во часот се вклучени вежби за длабоко истегнување и
подеднакво тонирање на сите мускулни групи.

Power Ball Pilates

Овој пилатес
опфаќа вежби кои се изведуваат со голема пилатес топка. Ball pilates е совршен
спој од вежби за обликување и истегнување на сите мускули, со посебен акцент на
абдоминалниот ѕид и на мускулите на нозете.

Power Cardio Pilates

Интезивен тренинг
кој е совршен спој од кодициони и вежби за затегнување, истегнување и тонирање.
Вежбите се изведуваат на мат простирка, но дополнително користиме и други
фитнес реквизити. Овој тип на пилатес ги обликува мускулите на целото тело и ја
зголемува кондиционата спремност.

Зошто Power Pilates

Овој тип на часови се со повисок интензитет и се наменети за луѓе кои се физички активни и се кондиционо спремни. Вежбите се изведуваат поврзано и флуидно и се обрнува внимание на секоја мускулна група (стомак, грб, раце, бутови, задник). Со континуирановежбање на овој тип на пилатес ќе ги затегнете и тонирате мускулите, ќе ја зголемите флексибилноста и ќе го намалите масното ткиво. 

Исто така овој тип на пилатес ќе ви помогне во подобро држење на телото и зацврстување на малите мускули околу ‘рбетот, што дополнително помага во анулирање на негативните ефекти од постојаното седење.
После часот ќе се чувствуате исполнети и среќни, полни со енергија, ќе ја чувствувате забрзана циркулацијата во целото тело

Термини

Кисела вода: понеделник, среда и петок од 19.00-20.00 часот

Козле: понеделник, среда и петок од 19.00-20.00 часот