Здрави оброци на работното место

Подготвувањето на храна од дома е добро од повеќе причини. Без оглед на тоа дали се обидувате на намалите килограми, носењето на  подготвената храна на работа  може да ви помогне  полесно да контролирате какви намирници внесувате, но и да го поттикне вашето тело и вашиот ум подобро да функционираат. Еве неколку предлози што може да јадете на работа.

snacks-at-work

Природен сок од овошје

Секогаш бирајте свежо цеден сок од овошје наместо оние кои можете да ги купите во маркетите, кои се полни со шеќер и конзерванси. Овошниот сок подгответе си го од дома или секогаш купувајте само 100% сок од овошје.

Зеленчук и хумус наместо сирење и крекери

Кремаста и крцкава комбинацја од сирење и крекери, лесно може да ве наведе да се прејадете. Морковите и хумусот се исто толку пикантни и крцкави, а не содржат заситени масти и празни калории.

Домашен седвич

Колку пати сте си подготвиле сендвич за на работа? Освежете се малку подгответе си седвич со мешавина од зеленчук и некој намаз како што е хумос, а за ужинка понесете си овошје.

Свежо овошје наместо колачи

Свежото овошје е полно со витамини и минерали, а исто така е одличен извор на антиоксиданси,потребни за подобар имунолошки систем и подобри перформанси на работа. Јадете овошје од секоја боја, наместо колачи полни со шеќер и калории.

Вода наместо газирани пијалоци

Газираните пијалоци и другите вештачки пијалоци се едни од најголемите извори на калории во исхраната. Избегнувајте ги и наместо нив конзумирајте вода или вода со парчиња лимон.

Тврдо варено јајце

Јајцето е одличен извор на протеини кои ќе ве заситат и ќе го стабилизираат нивото на шеќер во крвта.

Јаболка и путер од кикирики

Јаболката содржат хранливи влакна и јаглехидрати за енергија, додека путерот од кикирики (може да користите и путер од бадеми) ќе ве снабди со монозаситени масти и протеини кои нема да дозволат нагло намалување или зголемување на нивото на шеќер во крвта. Овој оброк е вкусен и ќе ве држи сити неколку часа.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *