Сирова храна: сојузник на доброто здравје

Споделете со пријателите

Сировата храна треба да се конзумира секојдневно. И додека зимата не е најдоброто годишно време за конзумирање сирови намирници, пролетта е одличен сојузник на ваквиот тип на исхрана. Во овој период имаме изобилство на вкусен зеленчук и овошје. Конзумацијата на сирова храна не се препорачува само на оние кои се обидуваат да ги намалат килограмите, туку и на оние кои водат сметка за целокупното здравје на телото. На овој начин се обезбедуваат сите потребни хранливи материи за доволно енергија и одлично здравје. Еве зошто треба да јадете сирови намирници секој ден:

1. Се намалува ризикот од појава на рак

Со вклучувањето на сирова храна во секојдневното мени, значително може да го намалите ризикот од појава на рак. Сировите намирници се полни со витамини, минерали и антиоксиданси и имаат ниско ниво на токсини, за разлика од преработената храна. Преработката на намирниците може да предизвика токсични и канцерогени карактеристики, кои се поврзуваат со појава на рак, но и на многу други болести.

2.Сировите намирници изобилуваат со ензими

Тие се одличен извор на разни ензими кои помагаат во подобра дигестија, здраво ниво на холестерол и спречуваат констипација. Уште повеќе, јадењето на сирова храна може да ви помогне да го забрзате метаболизмот и да ви помогне да изгубите килограми. Ензимите, исто така, ги намалуваат воспалителните процеси во телото.

3. Помага во контрола на апетитот

Ако често пати ви се случува да имате неконтролирана потреба за храна или нешто слатко, конзумацијата на сирова храна ќе ви помогне да го решите овој проблем. Овошјето е природен извор на шеќер и на други хранливи материи кои му даваат доволно енергија на телото. Особено кога се конзумира во комбинација со семиња и јаткасти плодови, овошјето е одличен меѓу оброк што ги задоволува потребите за нешто слатко. Дури и одредени зеленчуци може да ви помогнат во задоволување на овие потреби, како доматите и морковите. Тие се богати со антиоксиданси и витамини. Кога се зготвени т.е. преработени овошјето и зеленчукот ги губат своите нутритивни својства, па дури и кога мислите дека се храните здраво, всушност не ги добивате сите придобивки на сировото овошје и зеленчук.

4.Сировата храна има ниско ниво на масти и калории

Овошјето и зеленчукот имаат ниско ниво на масти, шеќер и калории. Без разлика дали внимавате на бројот на калории кој го внесувате, ако сакате да бидете здрави, да ги добиете сите потребни хранливи материи или сакате да се чувствувате полни со енергија, уживајте во порција овошна или зеленчукова салата (без додатни сосови) секој ден.

Spring-clean-your-body-with-this-simple-raw-food-diet-menu-plan-1024x682

5.Вкусна ужинка

Кој вели дека сировата храна не е вкусна? Банани, киви, портокали, јаболка, цреши, јагоди, боровинки, манго, моркови, авокадо, ананас и многу други овошја и зеленчуци се толку вкусни што не треба да додавате сол или шеќер за да го подобрите нивниот вкус.

6.Сировата храна е навистина евтина

Овошјето и зеленчукот се генерално поскапи за време на зимскиот период. Но, во пролет, во лето, а и во текот на есента, нивите цени се навистина ниски. Тие се поевтини од процесираната храна, месото, млечните производи и брзата храна. Така, не само што ќе се грижите за вашето здравје, туку и за вашиот паричник.

Raw-Food-Dieet

7.Лесни за комбинација

Сировата храна е лесна и едноставна за конзумирање – нема потреба од поминување на часови и часови во кујна за да подготвите нешто вкусно и здраво. Може да подготвите вкусни салати, цедени сокови, смути во различни комбинации. Конзумацијата на сирови овошје и зеленчук никогаш нема да ви здодее, бидејќи изборот е навистина голем, а комбинациите безбројни.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *