Што сѐ може да ви предизвикува главоболка?

Споделете со пријателите

Дали често пати чувствувате главоболка во предниот или пак задниот дел од главата? Ова непријатно чувство може да ви предизвика многу непријатности како намалена концентрација и меморија, чувство на умор, поспаност и слично. Откријте кои се причините поради кои се соочувате со главоболка.

Rain-Falling-Background

1. Времето

Број еден причинителот на главоболка: времето. Кога температурите се менуваат, поголема е веројатноста за појава на непријатно чувство на притисок во главата. Без разлика дали се работи за намалување или зголемување на температурите, врнежливото време или промената во барометарскиот притисок може да ви предизвикуваат главоболка. И додека временските услови не можеме да ги промениме, потрудете се да пиете доволно вода, да носите очила и капа за сонце во топлите денови и избегнувајте да се изложувате на сонце во најтоплиот период од денот.

finefragrancefinal2

2. Силни мириси

Силните мириси и ароми, дури и оние кои ви се допаѓаат може да предизвикаат главоболка. Иако науката сѐ уште нема одговор зошто, сепак, парфемите или мирисот на одредено цвеќе или растение може да предизвика главоболка.

iStock_000024935989_Medium

3. Лошо држење на телото

Лошото држење на телото, особено на вратот може да предизвика главоболка поради лошата циркулација на крвта, но и поради напорот на мускулите на вратот. Доколку не ги држите рамениците исправено или постојано гледате во компјутер кој можеби е премногу блиску до вас или неговата висина е несоодветна, може секојдневно да се соочувате со болка во главата. Затоа внимавајте- држете го телото и рамениците исправено, вратот не го држете постојано напред и додека седите на работа користете стол кој има потпора за долниот дел од грбот. Овие едноставни промени може да ве ослободат од болките во главата, вратот и половината.

red-wine-glasses

4. Црвено вино

Тираминот кој е присутен во црвеното вино, но и во други алкохолни пијалоци може да предизвика главоболка. Бидејќи алкохолот ја зголемува циркулацијата на крв до мозокот, ефектите од него може да бидат интензивни. Затоа, изберетеминерална вода или свежо цедени сокови.

salt15f-1-web

5. Преработена храна

Преработената храна, особено сувомеснатите производи содржат многу адитиви, како нитрати кои може да предизвика главоболка кај многу луѓе. Овие сувомеснати производи не се препорачува да ги конзумирате и тоа не само поради главоболката, туку и за целокупното здравје, добрата циркулација и избегнување на вишокот на соли кои ги содржат.

Hungry

6. Прескокнувате оброци

Главоболките предизвикани од глад не се секогаш очигледни. Ако не јадете, главата може да почне да ве боли уште пред да сфатите дека сте гладни. Проблемот веројатно лежи во намалувањето на нивото на шеќер во крвта. Но, не се обидувајте да се ослободите од болката во главата со чоколадо. Слатките работи ќе предизвикаат зголемување на шеќерот во крвта, а потоа и нагло намалување и така ќе влезете во еден круг. Затоа, имајте избалансирана исхрана во текот на денот која ќе се состои од 3 главни оброци и 2 меѓуоброка.

When-You-Quit-Smoking

7. Пушење

Пушењето е уште еден добро познат причинител на главоболка и тоа не само на оние кои пушат цигари. Дури и пасивните пушачи се соочуваат со никотинот кој предизвикува крвните садови во мозокот да се стеснат. Откажувањето од цигари и избегнувањето да се изложувате на чадот од нив може многу да ви помогне да се ослободите од главоболката. И не само од неа. Откажувањето од цигари мора да биде на прво место на вашата листа, доколку сакате одлично здравје на телото.

national-coffee-day-2015-ftr

8. Кофеин

Ако често пати имате главоболки можеби кофеинот е причинител на истите. Тоа е најчесто случајот кога ќе испиете повеќе кофеин отколку што телото може да поднесе. Внимавајте и ограничете го внесот на кафе на максимум 2 чаши дневно. Ако веќе сте се навикнале да пиете повеќе, одвикнувајте се од кофеинот постепено. Наглото откажување од него може да ги влоши работите: може да предизвика посилни главоболки.

5-Simple-Strategies-To-Reduce-Stress-In-The-Workplace

9. Стрес

Многу луѓе се соочуваат со главоболка како резултат на изложеноста на стрес. И додека не можеме да ги контролираме секојдневните стресни ситуации, може да го контролираме начинот на кој реагираме на нив и начинот на кој се справуваме со нив. Пронајдете начин на ослободување од стрес кој најмногу ви одговара: редовна масажа, физичка активност, медитација, читање книга и слично.

Начини како да се справите со главоболка

Непријатното чувство на болка е нешто од кое сакате да се ослободите засекогаш. Физичката активност е одличен начин да пробате да се справите со неа. Прошетките, пилатесот, аеробикот, трчањето или било која друга физичка активност може да помогне да се ослободите од главоболката.  Исто така може да се консултирате со терапевт кој ќе ви покаже вежби за да ја подобрите флексибилноста и да си зајакнете мускулите на вратот и грбот.

Често пати луѓето посегнуваат по апчиња за главоболка како аспирин, кои може да бидат ефективни во справување со главоболката. Но, секојдневната употреба да медикаменти за главоболка може да резултира негативно, главоболката повторно да се јави откако ќе помине дејството на медикаментот. Затоа, пред сѐ проверете дали некои од овие горенаведените причини ви предизвикува главоболка и обидете се да се справите со неа на природен начин.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *